Сезонски работи во лозов насад и мерки за адаптација кон климатските промени” е темата на предавањето организирано од страна на Националната федерација на фармери со подршка од We Effect, кое е дел од манифестацицијата на општина Неготино „Недела на виното“, која се организира по повод празникот на лозарите „Свети Трифун “. На предавањето присуствуваат 70 лозари од Неготино, Росоман, Кавадарци, Велес, Гратско, Богданци. Презентацијата на предавањето е на проф. д-р Климе Белевски од Земјоделскиот институт. Пред лозарите се обратија Васка Мојсовска, претседателка на НФФ и Иван Вангелов, член на УО на НФФ. Мојсовска потенцираше дека најголем проблем во лозарството е откупот и за негово трајно решавање треба да се следи примерот со откупот на тутунот. Таа посочи дека секоја компанија која сака да врши откуп на грозје треба да депонира банкарска гаранција како и целосно почитува одредбите на законот за земјоделство и рурален развој за договорно производство. Во продолжение пред присутните се обрати Иван Вангелов член на УО на НФФ кој ги информираше присутните за работата на потсекторскта група за лозарство формирана во МЗШВ каде што тој е претседател и во моментот се работи на измени на Законот за вино..

 На предавањето беа презентирани негативните ефекти кој овој сектор ги трпи од климатските промени како и заштитни мерки кои ќе можат да се преземат од страна на земјоделците. Во самата презентација проф. д-р Климе Белeски истакна  дека климатските промени влијаат врз фенологија, квантитет (принос) и квалитет на грозје и вино. На лозарите им беа преставени конкретни совети за справување со климатските промени и начини како да се дојде до поквалитетно и  и производство, но и примена на агротехнички мерки како што е прстенувањето на винова лоза.   Лозарите беа запознаени со нови сорти на винова лоза кои се отпорни на болести и даваат високи приноси како препорака за подигање на идни лозови насади. На средбата присуствуваше и Сашо Минов, началник на подрачната единица на МЗШВ во Неготино. �t��t�