Оглас за финансиски администратор
Националната Федерацијата на Фармерите (НФФ) е организиран глас на македонските земјоделци со мисија “Профитабилно земјоделство-стабилно село”. Целните групи со кои работи Националната Федерација ги опфаќаaт сите категории земјоделци од најсиромашните, ранливи, земјоделски семејни стопанства, земјоделски организации и земјоделските задруги како еден од најсовремените облици на организација на здружениот труд и настап на пазари. НФФ како основна алатка го има лобирањето и застапувањето на земјоделците и реализација на активности во подобрување на бизнис опкружувањето, едукација и информирање на земјоделците во насока на зголемување на продуктивноста и конкурентноста. Посебно внимание НФФ обрнува на младите и жените, родовата еднаквост и намалување на сиромаштијата во руралните средини.
Националната Федерација на фармери, Скопје има потреба од ангажман на финансиски администратор за имплементација на планираните активност.
Финансискиот администратор треба да:
- Има високо образование од областа на економски науки;
- Има знаење за финансиски менаџмент;
- Познавање на сметководствениот и даночниот систем во земјата;
• Одлични вештини за сметководство и финансиско планирање;• Одлично вештини за финансиско известување;• Широко познавање на економијата кое може да придонесе за подготовка и имплементација на проекти;• Многу добро познавање на англискиот јазик;• MS Windows, MS Office компјутерски вештини;
Финансискиот администратор пожелно е да има искуство во:
• Методи и техники за економска анализа;• Развој и имплементација на финансискиот, сметководствениот и системот на внатрешна контрола на НФФ и подобрување на процедурите за постојните системи;• Методи и техники за финансиско планирање и буџетирање;• управување со финансиски ризици;• Методи и техники за проценка на финансиската активност;• Организирање обуки за вработените за сметководство / административно и финансиско управување;
Финансискиот администратор мора да биде способен да:
- Ги следи анти-корупциските и антидискриминаторските принципи
- Работа во атмосфера на родова еднаквост
- Работа под притисок и краток рок
- Работа во тим
Обврките на финансискиот администратор опфаќаат:
- Подготовка на исплататите поврзани со пректи и главната сметка во согласност со Финансискиот и административниот водич за организации финансирани од We Effect и целосните процедури и правилници на НФФ:
- Собирање и евиденција на комплетната финансиска документација;
- Евиденција на трошоци по буџетски ставки;
- Подготовка на финансиски извештаи;
- Материјално и книговодствено работење;
- Подготовка на пресметки, буџети и поддршка во процес на јавни набавки;
- Предвидување на проблеми и ризици во спроведувањето на проектите;
- Следење на македонското сметководство и меѓународните сметководствени стандарди;
- Организација и поддршка во спроведување на ревизии;
Сите заинтересирани кандидати треба да пратат CV (биографија) на e-mail: nfederacija@gmail.com најдоцна до 31.08. 2018 година.
Stay In Touch