Откупните пунктови во гевгелискиот регион за откуп на доматите овие денови се затворени. Оваа информација до НФФ е стигната од нашето членство од Гевгелија и Богданци, кое создава дополнителна грижа кај земјоделците дали доматите ќе бидат откупени. Од откупувачите им е укажано дека ќе бидат отворени откупните пунктови дури во вторник. Поради намален извоз на доматите,  нивната цена овој период рапидно падна и неделата што измина се движеше од 12 ден по кг, па падна на 10 ден по кг.