НФФ организира посета на земјоделски саем во Пловдив, Бугарија

Националната Федерација на фармери  организира посета на Интернационалниот саем за земјоделство во Пловдив,во периодот од 22-24.02.2018 година , каде што посетителите ќе имаат прилика да видат Меѓународна изложба на пчеларство, Меѓународна изложба за лозарство и винарство, Меѓународна изложба на апарати,машини,семиња за растително производство,Меѓународна изложба за храна,пијалаци и нови технологии и машини за пакување на истите, како и Меѓународна изложба на висококвалитетна италијанска храна и вино.

Цената на патувањето изнесува 3500 денари и вклучува:

превоз на релација Битола-Прилеп-Велес-Скопје-Крива Паланка-Куманово-Пловдив и обратно и ноќевање со појадок.

Контакт за информации : 070 937 132 – Благојче Најдовски