Националната федерација на фармери  на 4ти септември ја одржа третата седница на Управниот одбор, на која беа разгледани тековните активности и приоритети на организацијата, со посебен фокус на состојбите и предизвиците со кои се соочуваат земјоделците.

Посебно внимание беше посветено на активностите за лобирање и застапување на интересите на фармерите, како и на потребата од заеднички и силен глас на земјоделците во креирањето на земјоделските политики.

Седницата ја водеше, Стеванче Јорданоски, претседател на Националната федерација на фармери.