Датум на објава: 23.07.2026 година
I. Вовед
Националната федерација на фармери (НФФ) е најголема земјоделска организација во земјата која ги претставува и застапува интересите на земјоделците, семејните земјоделски стопанства, локалните земјоделски здруженија и земјоделските задруги.
За потребите на спроведување на проектните активности во рамки на проектите:
„Farmers Unity for Market Resilience“ и
„Supporting small scale farmers – Core support to NFF“,
двата финансиски поддржани од Шведска и Шведската организација за развој We Effect, Националната федерација на фармери има потреба од избор на хотел во Скопје за организација и одржување на повеќе настани во периодот септември-декември 2026 година.
НАСТАН 1: Средба на млади фармери и состанок на УО на НФФ
Датум: 4 септември 2026 година (Еднодневен настан со 30 лица)
НАСТАН 2: Презентација на Мултидимензионална анализа на сиромаштија
Датум: 10 декември 2026 година (Еднодневен настан со 80 лица)
НАСТАН 3: Состанок на Управниот одбор (УО) на НФФ
Датум: 10 – 11 декември 2026 година (Дводневен настан со 11 лица)
II. Предмет на понуда
Понудата треба да ги опфати хотелско-угостителски услуги и технички услови за организација на доленаведените настани:
НАСТАН 1: Средба на млади фармери и состанок на УО на НФФ
Проект Supporting small scale farmers-Core support to NFF
Датум: 4 септември 2026 година
Времетраење: 09:00 – 16:00 часот (Еднодневен настан)
Број на учесници: 30 лица
Барани услуги:
Конференциска сала:
Капацитет за 30 лица
Опременост: флип-чарт, платно и проектор (или соодветен ТВ за презентација)
Поставеност: П-систем
Угостителски услуги:
2 кафе-паузи / освежувања за 30 лица
Ручек за 30 лица
Вода во сала за 30 лица
НАСТАН 2: Презентација на Мултидимензионална анализа на сиромаштија
Проект Farmers Unity for Market Resilience
Датум: 10 декември 2026 година
Времетраење: 10:00 – 14:00 часот (Еднодневен настан)
Број на учесници: 80 лица
Барани услуги:
Конференциска сала:
Капацитет за 80 лица
Опременост: ЛЕД Екран 5*3метри или соодветна димензија, озвучување, 3 статичен микрофон, 1 безжичен микрофон, техничка поддршка
Поставеност: банкет систем
Угостителски услуги:
2 кафе-паузи / освежувања за 80 лица
Коктел и безалкохолен пијалок по завршување на настанот за 80 лица
НАСТАН 3: Состанок на Управниот одбор (УО) на НФФ
Проект Supporting small scale famers-Core support to NFF
Датум: 10 – 11 декември 2026 година (Дводневен настан)
Времетраење: 15:00-18:00 часот на 10.12.2026 и од 9:00-13:00 часот на 11.12.2026
Број на учесници: 11 лица
Барани услуги:
Сместување:
o 7 еднокреветни соби на база на полупансион (HB) (ноќевање, појадок и вечера; вклучена туристичка такса)
Конференциска сала:
o Капацитет за 11 лица
o Опременост: платно и проектор (или соодветен ТВ за презентација)
o Поставеност: П-систем
Угостителски услуги:
o 3 кафе-паузи за настанот (1 кафе пауза 10.12.2026 и 2 кафе паузи 11.12.2026) за 11 лица
o Ручек на 11.12.2026 за 11 лица
III. Содржина на понуда
Понуда треба да ги содржи следните информации и единечни цени:
Сместување: Цена за еднокреветна соба на база полупансион (HB) по лице. Во цената да биде вклучен 1 безалкохолен пијалок за време на вечера и туристичка такса.
Изнајмување сала: Цена по ден за користење на сала со капацитет за 30 лица, 80 лица и 11 лица (со приложена слика и/или опис за опременоста и капацитетот).
Користење на опрема: Цена за флип чарт табла, платно и проектор или ТВ, доколку истите не се вклучени во цената за наем на салата. Цена за ЛЕД Екран 5*3метри или соодветна димензија, озвучување, 3 статичен микрофон, 1 безжичен микрофон, техничка поддршка
Кафе-пауза: Цена по лице (кафе, чај, вода).
Вода во сала: Цена за флаширана вода (0.5l).
Ручек: Цена по лице (со вклучен 1 безалкохолен пијалок) и предлог мени.
Коктел: Цена по лице за коктел-храна по лице и цена за безалкохолен пијалок за време на коктелот и предлог коктел мени.
Информација за расположливост со паркинг за гости на хотелот.
Важни напомени за цените:
Сите цени треба да бидат изразени во македонски денари (МКД) со вклучен ДДВ. Доколку ДДВ не е вклучен, понудувачот е должен тоа јасно да го наведе.
Доколку понудата содржи цени во евра (EUR), потребно е да се наведе искористениот курс. Во спротивно, НФФ ќе го примени средниот курс на НБРМ на денот на евалуацијата.
IV. Рок и начин на поднесување на понуда
Краен рок за доставување: 21.08.2026
Начин на доставување: Понудите задолжително се доставуваат на следните две е-маил адреси: vidanka.martinovska@nff.org.mk и nff@nff.org.mk.
Понудите доставени по истек на крајниот рок, како и оние кои не се во согласност со барањeто нема да бидат земени во предвид.
V. Информации
За сите дополнителни прашања и информации, може да се обратите најдоцна до 14.08.2026 на vidanka.martinovska@nff.org.mk или на телефонскиот број 071-279-023.
VI. Критериуми за избор
Задолжителни барања: Понудата да е целосно во согласност со барањето.
Ø Хотелот мора да располага со соодветен капацитет на соби за сместување на учесниците во предвидениот термин.
Ø Хотелот мора да располага со конференциска/и сала/и со потребен капацитет за одржување на настаните
При изборот на најповолна понуда ќе се применува критериумот – економска поволност на понудатa, при што принципот “најдобра вредност за парите” се зема во предвид, што во случајот подразбира најевтина цена доколку задолжителните барањата од понудата се задоволени.
VII. Начин на плаќање
Националната федерација на фармери со избраниот добавувач ќе склучи договор за еднократна соработка. Исплатата ќе се изврши во рок од 5 работни дена по завршувањето на секој од настаните поединчено, врз основа на уредно испорачаните услуги и доставена фактура.
Stay In Touch