Националната федерација на фармери (НФФ) е најголемата земјоделска организација во земјата што ги претставува и застапува интересите на земјоделците, семејните земјоделски стопанства, локалните земјоделски здруженија и земјоделските задруги, обединети под заедничка визија: профитабилно земјоделство – стабилно село и мисија: организиран лидер на земјоделците во земјоделскиот и руралниот развој.
Од април 2026 година, Националната федерација на фармери (НФФ) го спроведува проектот „Farmer Unity for Market Resilience“, поддржан од Шведска и имплементиран во соработка со организацијата We Effect, Шведска организација за развој.
Очекуваните резултати од проектот се:
- Резултат 1: Организации на производители се конкурентни на пазарот.
- Резултат 2: Одржливи земјоделски производи и услуги се воспоставени и испорачани преку функционални организации на производители.
- Резултат 3: Политичките и институционалните рамки кои ги поддржуваат организациина производители и се зајакнати во согласност со стандардите на Европската Унија.
Експертот за обука за климатски паметно земјоделство ќе дизајнира и спроведе практични, интерактивни обуки за земјоделци со мал обем и членови на производствени организации за одржливи и климатски отпорни земјоделски практики. Обуката ќе опфати управување со здравјето на почвата, ефикасно користење на водата, диверзификација на културите и усогласување со стандардите на ЕУ за одржливост и животна средина. Главната цел е да се зајакне отпорноста на земјоделците кон климатските варијации, да се подобри продуктивноста на фармите и да се обезбеди дека производствените системи се сè повеќе усогласени со пазарните и регулаторните барања.
Експертот ќе биде ангажиран вкупно 15 работни дена во договорениот период од септември до декември 2026 година.
Заинтересираните кандидати за овој ToR треба да ги достават следниве задолжителни документи:
- Ажурирана биографија (CV) со јасно наведени слични ангажмани (детализирана биографија со релевантно искуство на консултантот, вклучувајќи конкретни примери од работа поврзана со ангажманот и список на ангажмани кои ја демонстрираат експертизата, јасно одразувајќи усогласеност со задолжителните технички критериуми / професионално искуство).
- Финансиска понуда, со наведена бруто дневна ставка и бруто хонорар за сите работни денови, изразени во МКД со вклучен персонален данок.
- Потпишана Изјава за независност (Declaration of relationship)
Понудите да се достават истовремено на двете е‑пошти: vidanka.martinovska@nff.org.mk и nff@nff.org.mk најдоцна до 12.08.2026.
Сите прашања може да се упатат на vidanka.martinovska@nff.org.mk до 04.08.2026.
Целосниот повик е објавен подолу во објавата.
Stay In Touch