Националната федерација на фармери (НФФ) е најголемата земјоделска организација во земјата што ги претставува и застапува интересите на земјоделците, семејните земјоделски стопанства, локалните земјоделски здруженија и земјоделските задруги, обединети под заедничка визија: профитабилно земјоделство – стабилно село и мисија: организиран лидер на земјоделците во земјоделскиот и руралниот развој.

Од април 2026 година, Националната федерација на фармери (НФФ) го спроведува проектот „Farmer Unity for Market Resilience “, поддржан од Шведска и имплементиран во соработка со организацијата We Effect, Шведска организација за развој.

Очекуваните резултати од проектот се:

  • Резултат 1: Организации на производители се конкурентни на пазарот.
  • Резултат 2: Одржливи земјоделски производи и услуги се воспоставени и испорачани преку функционални организации на производители.
  • Резултат 3: Политичките и институционалните рамки кои ги поддржуваат организациина производители и се зајакнати во согласност со стандардите на Европската Унија.

Експертот за обука за финансиска писменост ќе дизајнира и спроведе практични обуки за основите на финансиско управување за земјоделци со мал обем и членови на производствени организации. Целта на обуката е да ја зајакне способноста на учесниците ефективно да управуваат со финансии на нивните фарми и бизниси, подобрувајќи го донесувањето одлуки, одржливоста и конкурентноста на пазарот. Преку интерактивни сесии, експертот ќе ги развие вештините на учесниците во буџетирање, пресметка на трошоци, формирање цени, водење евиденција и разбирање на достапните финансиски инструменти.

Експертот ќе биде ангажиран вкупно 15 работни дена во договорениот период од септември до декември 2026 година.

 

Заинтересираните кандидати за овој ToR треба да ги достават следниве задолжителни документи:

  • Ажурирана биографија (CV) со јасно наведени слични ангажмани (детализирана биографија со релевантно искуство на консултантот, вклучувајќи конкретни примери од работа поврзана со ангажманот и список на ангажмани кои ја демонстрираат експертизата, јасно одразувајќи усогласеност со задолжителните технички критериуми / професионално искуство).
  • Финансиска понуда, со наведена бруто дневна ставка и бруто хонорар за сите работни денови, изразени во МКД со вклучен персонален данок.
  • Потпишана Изјава за независност (Declaration of relationship)

 

Понудите да се достават истовремено на двете е‑пошти: vidanka.martinovska@nff.org.mk и nff@nff.org.mk најдоцна до 12.08.2026.

Сите прашања може да се упатат на vidanka.martinovska@nff.org.mk до 04.08.2026.

Целосниот повик е објавен подолу во објавата.