13.07.2026

Националната федерација на фармери (НФФ) е најголемата земјоделска организација во земјата што ги претставува и застапува интересите на земјоделците, семејните земјоделски стопанства, локалните земјоделски здруженија и земјоделските задруги, обединети под заедничка визија: профитабилно земјоделство – стабилно село и мисија: организиран лидер на земјоделците во земјоделскиот и руралниот развој.

Од април 2026 година, Националната федерација на фармери (НФФ) го спроведува проектот „Farmer United for Market Resilience“, поддржан од Шведска и имплементиран во соработка со организацијата We Effect, Шведска организација за развој.

Очекуваните резултати од проектот се:

  • Резултат 1: Организации на производители се конкурентни на пазарот.
  • Резултат 2: Одржливи земјоделски производи и услуги се воспоставени и испорачани преку функционални организации на производители.
  • Резултат 3: Политичките и институционалните рамки кои ги поддржуваат организациина производители и се зајакнати во согласност со стандардите на Европската Унија.

Експерт за обука за пристап до финансии и иновации ќе дизајнира и спроведе целни обуки за земјоделци со мал обем и членови на производствени организации за пристап до финансиски инструменти и инвестирање во модерна опрема и иновативни технологии. Целта на обуката е да ја подобри способноста на учесниците да обезбедат средства од достапни извори — вклучувајќи грантови, субвенции, кредити и програми на ЕУ — и да донесуваат информирани одлуки за инвестиции во технологии за производство и преработка кои ја зголемуваат продуктивноста, квалитетот на производите и конкурентноста на пазарот.

Експертот ќе биде ангажиран вкупно 15 работни дена во договорениот период од септември до декември 2026 година.

Заинтересираните кандидати за овој ToR треба да ги достават следниве задолжителни документи:

  • Ажурирана биографија (CV) со јасно наведени слични ангажмани (детализирана биографија со релевантно искуство на консултантот, вклучувајќи конкретни примери од работа поврзана со ангажманот и список на ангажмани кои ја демонстрираат експертизата, јасно одразувајќи усогласеност со задолжителните технички критериуми / професионално искуство).
  • Финансиска понуда, со наведена бруто дневна тарифа и бруто хонорар за сите работни денови, изразени во МКД со вклучен персонален данок.
  • Потпишана Изјава за независност (Declaration of relationship)

 

Понудите да се достават истовремено на двете е‑пошти: vidanka.martinovska@nff.org.mk и nff@nff.org.mk најдоцна до 12.08.2026.

Сите прашања може да се упатат на vidanka.martinovska@nff.org.mk до 04.08.2026.

Експерт за обука за пристап до финансии и иновации (финансиски инструменти и модерна опрема и технологии)

Целосниот повик е објавен подолу во објавата.