Националната федерација на фармери успешно ја реализираше првата серија практични обуки за регенеративно земјоделство, кои се одржаа на 6.07.2026 (понеделник)во с. Тимјаник (Неготинско), во лозовиот насад на семејството Орешкови, и на 7.07.2026 (вторник) во с. Евла (Преспански регион), на овоштарската фарма Трантал Фарм.
Под водство на експертот Флоријан Фаркаш, земјоделците се запознаа со основните принципи на регенеративното земјоделство и преку практични демонстрации на терен имаа можност да видат како овие практики придонесуваат за подобро здравје на почвата, поотпорни насади и поодржливо производство.
Ова е првата од серијата обуки што имаат за цел да ги зајакнат знаењата и вештините на земјоделците преку практична работа и размена на искуства.
Обуките се реализираат во рамките на проектот „TUI Field to Fork Western Balkans – Агротуристички синџири на вредност во руралните региони на Западен Балкан“, кофинансиран од TUI Care Foundation и Германското федерално министерство за економска соработка и развој (BMZ), а го спроведува GIZ во соработка со Националната федерација на фармери на Северна Македонија, Асоцијацијата за агротуризам на Албанија и Мрежата за рурален развој на Црна Гора.
Stay In Touch