11.06.2026

Националната федерација на фармери (НФФ) е најголемата земјоделска организација во земјата што ги претставува и застапува интересите на земјоделците, семејните земјоделски стопанства, локалните земјоделски здруженија и земјоделските задруги, обединети под заедничка визија: профитабилно земјоделство – стабилно село и мисија: организиран лидер на земјоделците во земјоделскиот и руралниот развој.

Од април 2026 година, Националната федерација на фармери (НФФ) го спроведува проектот „Farmer United for Market Resilience“, поддржан од Шведска и имплементиран во соработка со организацијата We Effect, Шведска организација за развој.

Очекуваните резултати од проектот се:

  • Резултат 1: Организации на производители се конкурентни на пазарот.
  • Резултат 2: Одржливи земјоделски производи и услуги се воспоставени и испорачани преку функционални организации на производители.
  • Резултат 3: Политичките и институционалните рамки кои ги поддржуваат организациина производители и се зајакнати во согласност со стандардите на Европската Унија.

Експертот за анализа на модели за обезбедување услуги ќе спроведе детална проценка за дефинирање на изводливи, ефикасни и финансиски одржливи модели за обезбедување услуги за потенцијалните организации на производители во Северна Македонија.

Анализата ќе опфати четири клучни области на услуги:

  • системи за набавка на земјоделски инпути;
  • механизми за собирање и окрупнување на производството;
  • решенија за складирање;
  • советодавни и екстензивни услуги.

Резултатот од анализата ќе биде аналитичка рамка заснована на докази, која ќе обезбеди структурирана основа за воспоставување и оперативно функционирање на услуги што ќе им овозможат на организации на производители ефикасно да одговорат на потребите на своите членови и на барањата на пазарот.

Експертот ќе биде ангажиран вкупно 23 работни дена во рамки на договорениот период од јули до септември 2026 година.

Заинтересираните кандидати за овој Повик за ангажирање (ToR) треба да ги достават следните задолжителни документи:

  • Ажурирана биографија (CV) која јасно покажува искуство на слични ангажмани (детална биографија со релевантно искуство на консултантот, вклучувајќи конкретни примери на работа поврзана со задачата и листа на ангажмани кои ја демонстрираат експертизата, со јасно прикажана усогласеност со задолжителните технички критериуми и професионалното искуство).
  • Финансиска понуда со наведена бруто дневна стапка и вкупен бруто надоместок за сите работни денови, изразени во МКД со вклучен персонален данок.
  • Потпишана Изјава за независност (Declaration of relationship)

Понудите треба да се достават истовремено на следните две е-пошта адреси: vidanka.martinovska@nff.org.mk и nff@nff.org.mk, најдоцна до 10.07.2026 година.

Сите прашања поврзани со повикот може да се достават на vidanka.martinovska@nff.org.mk најдоцна до 30.06.2026 година.

Целосниот повик е објавен подолу во објавата.

Expert for Service Delivery Model Analysis