11.06.2026

Националната федерација на фармери (НФФ) е најголемата земјоделска организација во земјата што ги претставува и застапува интересите на земјоделците, семејните земјоделски стопанства, локалните земјоделски здруженија и земјоделските задруги, обединети под заедничка визија: профитабилно земјоделство – стабилно село и мисија: организиран лидер на земјоделците во земјоделскиот и руралниот развој.

Од април 2026 година, Националната федерација на фармери (НФФ) го спроведува проектот „Farmer United for Market Resilience“, поддржан од Шведска и имплементиран во соработка со организацијата We Effect, Шведска организација за развој.

Очекуваните резултати од проектот се:

  • Резултат 1: Организации на производители се конкурентни на пазарот.
  • Резултат 2: Одржливи земјоделски производи и услуги се воспоставени и испорачани преку функционални организации на производители.
  • Резултат 3: Политичките и институционалните рамки кои ги поддржуваат организациина производители и се зајакнати во согласност со стандардите на Европската Унија.

Експерт за проценка на потребите и слабостите на организациите на производители (управување, услуги и подготвеност за пазарот на организациите на производители) ќе спроведе структурирана анализа заснована на докази за капацитетите на потенцијалните организации на производители во Северна Македонија. Анализата ќе опфати три клучни области: управување и раководење, капацитети за обезбедување услуги и подготвеност за настап на пазарот. Преку анкети, интервјуа и теренски посети, експертот ќе подготви сеопфатен аналитички извештај кој ќе обезбеди цврста основа за планирање на насочени интервенции за подобрување на ефикасноста и конкурентноста на производителските организации.

Експертот ќе биде ангажиран вкупно 23 работни дена во рамки на договорениот период од јули до септември 2026 година.

Заинтересираните кандидати за овој Повик за ангажирање (ToR) треба да ги достават следните задолжителни документи:

  • Ажурирана биографија (CV) која јасно покажува искуство на слични ангажмани (детална биографија со релевантно искуство на консултантот, вклучувајќи конкретни примери на работа поврзана со задачата и листа на ангажмани кои ја демонстрираат експертизата, со јасно прикажана усогласеност со задолжителните технички критериуми и професионалното искуство).
  • Финансиска понуда со наведена бруто дневница и вкупен бруто надоместок за сите работни денови, изразени во МКД со вклучен персонален данок.
  • Потпишана Изјава за независност (Declaration of relationship)

 

Понудите треба да се достават истовремено на следните две е-пошта адреси: vidanka.martinovska@nff.org.mk и nff@nff.org.mk, најдоцна до 10.07.2026 година.

Сите прашања поврзани со повикот може да се достават на vidanka.martinovska@nff.org.mk најдоцна до 30.06.2026 година.

Целосниот повик е објавен подолу во објавата.

Expert for Needs Gaps Analysis