Националната федерација на фармери претставува најголема мрежа на земјоделци и земјоделски организации во државата. Таа го наследува целокупното институционално паметење и искуство од Федерацијата на фармери на РМ. НФФ ги обединува напорите на 43 локални земјоделски организации и задруги, претставувајќи го гласот на повеќе од 3.000 членови и соработувајќи со речиси сите клучни чинители во земјоделскиот и агробизнис секторот.
Со цел подобрување на својата видливост, јавна промоција, застапувачки активности и комуникација со засегнатите страни, медиумите и пошироката јавност, НФФ има потреба од воспоставување рамковен договор со квалификувана ПР и комуникациска агенција за обезбедување комуникациски и медиумски услуги по потреба.
Рамковниот договор ќе биде за периодот 18 јуни 2026 – 31 декември 2027 година.
Во рамки на овој договор, НФФ ќе бара услуги само по потреба и ќе плаќа исклучиво за одобрени и успешно реализирани услуги.
Избраниот изведувач се очекува да обезбеди:
- Подготовка на соопштенија за јавност, медиумски најави, објави и официјални изјави;
- Дистрибуција на материјали до медиуми и координација со новинари;
- Организација на прес-конференции, медиумски брифинзи и интервјуа;
- Подготовка на press clipping извештаи;
- Подготовка на содржини за социјални медиуми и визуелни материјали;
- Менаџирање на платени кампањи и boost на социјални медиуми;
- Подготовка на аналитички извештаи за социјални медиуми;
- Професионално фотографско покривање и обработка на фотографии;
- Препораки за комуникациска стратегија и поддршка во креирање пораки;
- Поддршка при организација на интерни настани до 20 лица;
- Материјали и поддршка за кризна комуникација, доколку е потребно.
Сите изработени материјали ќе бидат сопственост на НФФ.
Постапка за аплицирање
Заинтересираните агенции треба да достават:
- Портфолио на компанијата (Company Profile) – преглед на агенцијата, големина, области на експертиза и релевантно искуство, вклучително и претходни слични ангажмани и искуство со работа во граѓанскиот сектор
- Предлог состав на тим – имиња, улоги и квалификации на клучните членови на тимот кои ќе бидат вклучени
- Тековна состојба/регистрација на компанијата
- Потпишана Изјава за независност (Declaration of relationship)
- Финансиска понуда во МКД со вклучен ДДВ (единечни цени)
Финансиска понуда (образец – цена по единица)
| Бр. | Услуга | Опис | Единица | Вкупна цена (МКД со ДДВ) |
| 1 | Соопштение / Објава | Подготовка и уредување на соопштенија, медиумски најави, објави и официјални изјави | По ставка | |
| 2 | Медиумска дистрибуција | Дистрибуција на материјали и координација со новинари/медиуми | По настан | |
| 3 | Прес-конференција / Медиумски настан | Организација на прес-конференции, медиумски брифинзи и интервјуа | По настан | |
| 4 | Press clipping извештај | Следење на медиуми и подготовка на clipping извештај | По извештај | |
| 5 | Пакет содржини за социјални медиуми | Креирање содржини и визуелни материјали за социјални медиуми | По настан | |
| 6 | Платена кампања на социјални медиуми | Setup, boost, таргетирање, буџет менаџмент и оптимизација | По настан | |
| 7 | Аналитички извештај за социјални медиуми | Подготовка на аналитички и performance извештај | По извештај | |
| 8 | Фотографско покривање | Фотографирање на настан и испорака на обработени фотографии | По настан | |
| 9 | Поддршка за комуникациска стратегија | Стратешки совети, поддршка во пораки и препораки за видливост | По ден | |
| 10 | Поддршка за интерен настан | Координација и комуникациска поддршка за интерни настани до 20 лица | По настан | |
| 11 | Поддршка за кризна комуникација | Подготовка на материјали и советодавна поддршка | По ден |
Вкупна финансиска понуда (МКД со ДДВ): ____________________
Забелешки
- Финансиската понуда мора да биде комплетна и јасно специфицирана.
- Цените остануваат фиксни за времетраењето на договорот.
- Плаќањата ќе се вршат само за услуги кои се побарани и успешно реализирани во рамки на рамковниот договор.
Понудите да се достават на е-пошта: vidanka.martinovska@nff.org.mk и nff@nff.org.mk најдоцна до 11.06.2026 година.
Сите прашања може да се достават на е-пошта: vidanka.martinovska@nff.org.mk најдоцна до 01.06.2026 година.
Понудите пристигнати по истекот на рокот нема да бидат земени предвид.
Целиот повик е објавен подолу во објавата.
Stay In Touch