Националната федерација на фармери (НФФ) има потреба од професионални услуги за дизајн и печатење на различни информативни, едукативни и промотивни материјали. Овие материјали вклучуваат публикации како анализи, членското списание Моја Земја, како и брендирани промотивни производи како платнени торби, со цел подобрување на видливоста, досегот и ангажманот на членовите.
Со цел да се обезбеди флексибилност, НФФ има намера да воспостави рамковен договор со квалификуван давател на услуги за периодот 18 јуни 2026 – 31 декември 2027 година. Во рамки на овој аранжман, НФФ ќе бара услуги по потреба и ќе плаќа само за формално побарани и успешно реализирани услуги.
Избраната компанија ќе биде одговорна за следните услуги:
- Дизајн на електронски публикации на НФФ
- Дизајн на внатрешни страници во А4 и Б5 формат
- Дизајн на насловна и задна страница во А4 и Б5 формат
Проценет обем:
Точниот број на публикации за анализи и бројот на страници не може однапред да се утврди. НФФ не гарантира минимален обем на услуги во рамки на овој рамковен договор. Услугите ќе се бараат по потреба.
- Дизајн на членско списание на НФФ „Моја Земја“ (електронска публикација)
- Целосен дизајн и уредување на списанието
Проценет обем:
- Вкупно 4 изданија
- 2 изданија во 2026 година
- 2 изданија во 2027 година
- Секое издание: приближно 28 страници
- Дизајн и печатење на платнени торби со слоган: „Купувај домашни земјоделски производи“
- Креативен дизајн усогласен со визуелниот идентитет на НФФ и визуелниот идентитет на донаторот
- Печатење и испорака на платнените торби
Проценета количина:
- Вкупно: 1.000 торби
- 500 торби во 2026 година
- 500 торби во 2027 година
- Дизајн и печатење на НФФ папки (А4 формат)
- Креативен дизајн усогласен со визуелниот идентитет на НФФ и донаторот
- Печатење и испорака на НФФ папки
Проценета количина:
- Вкупно: 1.000 папки
- Дизајн и печатење на НФФ тетратки (Б5 формат)
- Креативен дизајн усогласен со визуелниот идентитет на НФФ и донаторот
- Печатење и испорака на НФФ тетратки
Проценета количина:
- Вкупно: 1.000 тетратки
- Дизајн и печатење на roll-up банер
- Дизајн и печатење на roll-up банер (1 страна, стандардна ширина 85 см)
- Roll-up банер со алуминиумско конструкција
- Дизајн и печатење на backdrop банер
- Дизајн и печатење на backdrop банер (1 страна, димензии 300 см ширина и 240 см висина)
- Backdrop банер со алуминиумска конструкција
- Дизајн на слоган
- Дизајн на слоган во боја погодна за банери, roll-up, дигитални медиуми и печатени материјали
- Дизајн и печатење на сертификат за признание
- Дизајн и печатење на сертификат во А4 формат, 1 страна, во боја
Постапка за аплицирање
Заинтересираните компании треба да ги достават следните документи:
- Портфолио на компанијата – ажурирано портфолио кое демонстрира релевантно искуство, вклучувајќи претходни слични ангажмани (дизајн на публикации, списанија и промотивни материјали)
- Тековна состојба издадена од Централен регистар
- Потпишана Изјава за независност (Declaration of relationship.
- Финансиска понуда изразена во МКД со вклучен ДДВ и прикажана како единечни цени
Финансиска понуда (образец – цена по единица)
| Бр. | Опис | Единица | Цена (МКД со ДДВ) |
| 1 | Дизајн на внатрешна страница на публикација А4 и Б5 формат | Цена по страница | |
| 2 | Дизајн на насловна и задна страница на публикација А4 и Б5 формат | Цена по страница | |
| 3 | Дизајн и печатење на платнени торби (проценето 1000 парчиња) | Цена по торба | |
| 4 | Дизајн на едно издание на списание „Моја Земја“ (околу 28 страници) | Цена по издание | |
| 5 | Дизајн и печатење на НФФ папки А4 формат (проценето 1000 парчиња) | Цена по папка | |
| 6 | Дизајн и печатење на НФФ тетратки Б5 формат (проценето 1000 парчиња) | Цена по тетратка | |
| 7 | Дизајн и печатење на roll-up банер (1 страна, 85 см ширина) | Цена по roll-up банер | |
| 8 | Дизајн и печатење на backdrop банер (1 страна, 300 x 240 см) | Цена по backdrop банер | |
| 9 | Дизајн на слоган | Цена по дизајн | |
| 10 | Дизајн и печатење на сертификат за признание А4 формат, 1 страна, во боја | Цена по сертификат |
Вкупна финансиска понуда (МКД со ДДВ): ____________________
Забелешки
- Финансиската понуда мора да биде комплетна и јасно специфицирана.
- Цените ќе останат фиксни за времетраењето на договорот.
- Проценетите количини (пр. торби, изданија на списание) се индикативни и служат исклучиво за плански цели; тие не претставуваат обврска од страна на НФФ.
- Плаќањата ќе се вршат само за услуги кои се побарани и успешно испорачани во рамки на рамковниот договор.
Понудите да се достават на е-пошта: vidanka.martinovska@nff.org.mk и nff@nff.org.mk најдоцна до 11.06.2026 година.
Сите прашања може да се достават на е-пошта: vidanka.martinovska@nff.org.mk најдоцна до 01.06.2026 година.
Понудите пристигнати по истекот на рокот нема да бидат земени предвид.
Целиот повик е објавен подолу во објавата.
ToR design of informational, educational, and promotional materials FINAL
Stay In Touch