5.05.2026
Националната федерација на фармери, во рамки на имплементацијата на проектот „Поддршка на малите земјоделци – Core Support to NFF“, поддржан од Шведска и We Effect, објавува повик за ангажирање на квалификувана компанија, образовна институција или граѓанска организација за спроведување на теренска проценка на потреби за подобрување на економскиот статус на младите земјоделци и развој на едукативна програма базирана на курикулум за 30 млади земјоделци.
Очекувани резултати (deliverables):
- Подготвена детална методологија и работен план за извештајот од теренската проценка на потреби;
- Подготвен извештај од теренска проценка на потреби со клучни наоди и препораки;
- Развиен структуриран курикулум за едукативната програма;
- Дизајнирана едукативна програма;
- Подготвен план за имплементација и агенда за обуки;
- Финален извештај кој го сумира процесот и ги вклучува: извештајот од теренската проценка, едукативната програма, курикулумот, планот и агендата за обуки.
Апликантите треба да ги достават следните документи:
- Техничка понуда со опис на разбирањето на задачата, предложена методологија и работен план;
- Финансиска понуда со деталeн буџет согласно табелата која е составен дел од овој документ;
- Профил на компанијата/организацијата/образовната институција, вклучувајќи документи за правна регистрација со кои се потврдува најмалку 10 години постоење и доказ за релевантно искуство, вклучувајќи опис на претходни проекти во теренски истражувања, проценки на потреби и развој на обуки, едукативни програми, курикулуми, материјали за обука или слични резултати;
- CV биографии на најмалку двајца клучни експерти со релевантни квалификации и искуство;
- Потпишана Изјава за независност (Declaration of relationship).
Табела за финансиска понуда
| Бр. | Опис | Вкупен трошок (МКД) |
| 1 | Теренска проценка на потреби (истражување, прибирање податоци, анализа и подготовка на извештај) | |
| 2 | Развој на структуриран курикулум за едукативната програма | |
| 3 | Дизајн на едукативна програма | |
| 4 | Подготовка на план за имплементација и агенда за обуки | |
| 5 | Хонорари за експерти (истражување, едукативна програма, план и агенда за обуки и развој на курикулум) | |
| 6 | Патни трошоци (доколку се применливи) | |
| 7 | Други трошоци со спецификација (доколку се применливи) | |
| ВКУПНО МКД (со вклучен ДДВ) |
Понудите треба да се достават на е-пошта: vidanka.martinovska@nff.org.mk и nff@nff.org.mk, најдоцна до 03.06.2026 година.
Сите прашања поврзани со повикот може да се достават на е-пошта: nff@nff.org.mk, најдоцна до 29.05.2026 година.
Понуди со нецелосна документација и/или понуди доставени по истекот на рокот нема да бидат земени предвид.
Целиот повик е објавен подолу во објавата.
ToR Field Needs Assessment and program youth farmers
Stay In Touch