1. Вовед

Националната федерација на фармери (НФФ) ја претставува најголемата мрежа на земјоделци и земјоделски организации во земјата. Наследувајќи ја институционалната меморија и искуството на Федерацијата на фармери на РМ, таа ги обединува напорите на 43 локални организации на земјоделци и кооперитиви. Денес, НФФ го претставува гласот на повеќе од 3.000 членови и соработува со речиси сите клучни чинители во земјоделскиот и агробизнис секторот.

Националната федерација на фармери значително го прошири својот опсег на дејствување. Покрај поддршката за земјоделците и здруженијата, организацијата е посветена на зајакнување на ранливите категории во руралните средини. Ова вклучува поголема поддршка за младите и жените, обезбедувајќи нивно директно вклучување во земјоделскиот развој преку активно учество и одлучување.

Покрај земјоделството, примарен фокус на организацијата е руралниот развој — поточно справување со предизвиците на руралното население, како што се сиромаштијата и ограничениот пристап до здравство, образование, информации, правни услуги и моќ за одлучување.

Главниот столб на дејствување е лобирањето за дефинирање на проблемите од терен, кои преку заедничка работа и анализи се презентираат пред надлежните институции за изнаоѓање заеднички решенија во интерес на земјоделците и благосостојбата на целата држава.

Мисијата на организацијата е ОРГАНИЗИРАН ФАРМЕР ЛИДЕР ВО ЗЕМЈОДЕЛСКИОТ И РУРАЛЕН РАЗВОЈ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Визијата кон која се стремиме е: ПРОФИТАБИЛНО ЗЕМЈОДЕЛСТВО — СТАБИЛНО СЕЛО.

За постигнување на оваа мисија, Националната федерација на фармери бара двајца (2) проактивни и организирани Проектни соработници кои ќе се приклучат на нашиот тим.

  1. Цел на ангажманот

Проектниот соработник ќе и дава поддршка на Националната федерација на фармери (НФФ) во спроведувањето на активностите преку административна, логистичка и техничка поддршка. Работејќи тесно со тимот на Извршната канцеларија на НФФ, соработникот ќе обезбеди непречено извршување, сеопфатна документација и ефикасна координација на сите планирани активности.

Клучни одговорности:

  1. Теренски активности и комуникација:
  • Спроведување и следење на теренските активности во согласност со планот на активности, во тесна координација со проектниот менаџер на НФФ.
  • Одржување редовна комуникација со целните групи на НФФ (земјоделци и рурално население).
  1. Логистика и менаџмент на настани:
  • Обезбедување логистичка поддршка за организација на проектни настани, обуки и работилници.
  • Подготовка на записници од состаноци за активности поврзани со проектот.
  1. Администрација и управување со податоци:
  • Одржување и ажурирање на базата на податоци за членството на НФФ (електронска и во хартиена форма).
  • Скенирање и одржување на електронска архива на целата проектна документација.
  • Подготовка и поднесување официјални дописи до јавни институции и релевантни чинители.
  • Директна административна поддршка за проектниот менаџер и извршниот директор.
  • Поддршка при прибирање податоци и спроведување анкети.
  1. Набавки и усогласеност:
  • Поддршка на финансискиот и административен координатор при процесите на набавка, обезбедувајќи строга усогласеност со прирачниците на донаторите и политиките на НФФ.

Општи барања и етика:

  • Почитување на правилата, регулативите и етичките стандарди на НФФ и нејзините донатори.
  • Одговорно и навремено извршување на задачите во рамките на утврдените рокови.
  • Професионален пристап кон работата и проактивност во решавањето на организациските предизвици.

III. Времетраење на договорот

Проектниот соработник ќе биде ангажиран на период од 7 (седум) месеци, со почеток од 1 јуни 2026 година и заклучно со 31 декември 2026 година.

Работното време е од 08:30 до 16:30 часот (8 часа дневно), од понеделник до петок, со полно работно време во канцелариите на НФФ или на терен. Позицијата може да биде продолжена во зависност од потребите на проектот и успешноста на соработникот.

  1. Координација и известување

Проектниот соработник директно му поднесува извештаи на Проектниот менаџер и на Извршниот директор.

  1. Потребни квалификации и вештини
  • Образование: Универзитетска диплома од областа на земјоделството, економијата, општествените науки или сродна област.
  • Искуство: Докажано искуство во имплементација на проекти, администрација, логистика или теренски операции (искуство во НВО секторот се смета за предност).
  • Јазици: Одлично познавање на англиски јазик (пишан и говорен).
  • Технички вештини: Одлично познавање на Microsoft Office пакетот.
  • Возачка дозвола: Поседување валидна возачка дозвола од Б категорија.

 

Клучни компетенции:

  • Одлични вештини за комуникација и пишување извештаи.
  • Силни организациски способности и внимание на детали.
  • Способност за тимска работа со проактивен и енергичен пристап.
  • Посветеност на професионалната етика, интегритетот и родовата еднаквост.

 

Процес на аплицирање:

Заинтересираните кандидати треба да достават биографија (CV) и мотивационо писмо.

Документите треба да се испратат на две е-меил адреси истовремено: vidanka.martinovska@nff.org.mk и nff@nff.org.mk, најдоцна до 11.05.2026 година, со назнака (Subject): „Апликација за Проектен соработник“.

Апликациите пристигнати по овој рок нема да бидат земени предвид.

Само кандидатите кои ќе влезат во тесниот круг ќе бидат повикани на интервју.

Забелешка: Националната федерација на фармери е организација кој нуди еднакви можности. Ги охрабруваме жените, младите и претставниците на малцинските групи да аплицираат.

ToR Project officer