Националната федерација на фармери (НФФ) одржа седница на Управниот одбор, на која беа започнати подготовките за организирање на Генералното собрание на НФФ.

На состанокот се разговараше за актуелните проблеми и предизвици со кои се соочува земјоделството, тековните активности на НФФ, како и за планираните активности поврзани со МСД и организациите на производители.