36 жени од рурални средини се здобија со сертификат за компетенции преку методологијата “ProfillPASS за жени – „Ние можеме!“. Под водство на 12 сертифицирани советници – членки на Националната федерација на фармери, овие жени ги идентификуваа и документираа своите вештини, способности и животни искуства, насочени кон личен и професионален развој.
Методологијата ProfillPASS не само што ги поттикнува жените да ги препознаат своите компетенции, туку и ги охрабрува да постават цели и чекори кон подобрување на сопствениот социо-економски статус. Голем дел од учесничките покажаа интерес за започнување или проширување на активности во областа на преработки од земјоделски производи, како мали оператори за храна.
Во рамки на проектот, спроведени се три еднодневни обуки на крајот на мај, кои опфатија теми за квалитет и безбедност на преработки од земјоделски производи, под менторство на Ирена Џимревска, советник во ГИЗ – Германско друштво за меѓународна соработка и експертка во оваа област. Жените добија практични знаења за пристап до домашни пазари, економско здружување, маркетинг и брендирање.
До сега, низ методологијата ProfillPASS поминаа 72 жени, во рамки на два циклуса на обука.
Проектот „Подобрување на вработливоста на руралните жени преку ProfillPASS“ се спроведува од Националната федерација на фармери, со поддршка од регионалните проекти „Социјално вклучување на ранливите групи во Западен Балкан“ и „Поддршка на диверзификацијата на економските активности во руралните подрачја во Југоисточна Европа“,
спроведени од ГИЗ – Германско друштво за меѓународна соработка.
Ние можеме! Да ја препознаеме својата вредност, да ги реализираме своите идеи и да ја изградиме сопствената иднина!

Stay In Touch