Климатските промени сериозно го загрозуваат земјоделството и сточарството, директно влијаејќи на производството на храна – основата на нашиот опстанок.
Овие препораки произлегуваат од „Земјоделскиот форум за климатски промени“, организиран од Националната федерација на фармери (НФФ) со поддршка од Шведска и организацијата We Effect.
Препораки:
- Поставување на прилагодувањето на земјоделството кон климатските промени повисоко во националната развојна агенда.
- Подготовка на национален план за прилагодување на климатските промени со особен фокус во земјоделството.
- Обезбедување на финансии од државниот буџет за поддршка на земјоделците во спроведувањето на мерки за прилагодување.
- Зајакната соработка помеѓу националните институции, локалните самоуправи, земјоделците, здруженијата на граѓани и академијата.
- Зајакнување на капацитетите и нивото на информираност на земјоделците за воведување на мерки за прилагодување.
- Рехабилитација и одржување на системите за наводнување.
- Градење инклузивна инфраструктура во руралните средини.
- Формирање на интерсекторска работна група за климатски промени во рамките на МЗШВ.
Да дејствуваме сега за да обезбедиме одржлива иднина!
Infografik - Klimatski MKInfografik - Klimatski EN
Stay In Touch