Проект: „Организациски развој на НФФ и подобрени пазарни врски за малите фармери и   производители од руралните области со цел зголемен приход“

Датум на објава: 28.03.2024

Позадина

Националната федерација на фармери ја претставува најголемата мрежа на фармери и земјоделски организации во земјата. Целата институционална меморија и искуство ја наследи од Федерацијата на фармери на РМ. Тој ги обединува напорите на 43 локални земјоделски организации и задруги, кои го претставуваат гласот на повеќе од 3.000 членови и соработуваат со речиси сите клучни чинители во секторот земјоделство и агробизнис.

Националната федерација на фармери го прошири опсегот на дејствување. Тоа значи дека покрај земјоделците, земјоделските здруженија и земјоделските задруги, организацијата продолжи да ги зајакнува и поддржува ранливите категории во руралните средини, поголема поддршка за младите и жените и нивно директно вклучување во развојот на земјоделството преку одлучување и активно делување.

Покрај земјоделството, еден од главните фокуси на организацијата е и руралниот развој, односно справување со проблемите и предизвиците со кои се соочува руралното население, како што се сиромаштијата и ограничените пристапи на руралното население до здравствените услуги, образованието, правото за информирање и моќ на одлучување.

Главниот столб на дејствување е лобирање за дефинирање на проблемите од терен и со заедничка работа и анализа ќе се презентира пред надлежните институции за изнаоѓање заедничко решение, кое е во интерес на земјоделците и благосостојбата на целата наша држава.

Фокусот на Националната организација на фармери, која ќе продолжи да функционира под слоганот „Заедно за успех“ и логото што го симболизира трудот и производството на нашите земјоделци, е решавање на најголемите проблеми, а тоа е пласманот и квалитетното производство. Мисијата на ребрендираната организација е ОРГАНИЗИРАН ФАРМЕР ЛИДЕР ВО ЗЕМЈОДЕЛСКИОТ И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Визијата кон која се стремиме е – ПРОФИТАБНО ЗЕМЈОДЕЛСТВО – СТАБИЛНО СЕЛО.

Од мај 2021 година, НФФ го спроведува проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени пазарни врски за малите фармери и производители од руралните области со цел зголемен приход“ кој е поддржан од Sida и We Effect.

Очекуваните резултати од проектот се следните:

Резултат 1: Руралните претпријатија, малите земјоделци/производители, растат и обезбедуваат повеќе приходи и можности за вработување за луѓето од руралните средини, особено за жените и младите. Фокусот овде ќе го олесни пристапот до пазарот за актерите кои ги зајакнуваат руралните жени и млади. Во моментов, пазарните врски за продажба на производи се прекинати за малите земјоделци/производи, што доведува до низок приход на руралната целна група, што ги турка во сиромаштија.

Резултат 2: Зголемени организациски капацитети и финансиска одржливост на НФФ. Како организација заснована на членство, НФФ ги застапува интересите на земјоделците и руралното население во земјата. Таа има развиено членство со збир на бесплатни услуги на кои само членовите имаат право. Во последните неколку години како резултат на претходниот проект за Институционална поддршка на НФФ, организацијата ја подобри својата внатрешна организација, управување, воведе процедури, книга на правила, книга на однесување и други административни и управувачки алатки кои ги подобрија перформансите и влијанието на нашата работа. Фокусот овде е организацискиот развој и финансиската одржливост како клучна за да се продолжи со активностите за лоби и застапување и да се развијат нови услуги за да се обезбедат нови извори на приход.

Предмет на набавка

Главната цел на оваа набавка е да се обезбедат експертски услуги за развој на промоција и маркетинг на група на производители во рамките на интервенцијата за „Група на производители“ дел 3- Подобрување на пазарните врски за малите земјоделци со цел обезбедување на постојан и стабилен пазар за нивното производство.

Оваа интервенција е дел  од проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени пазарни врски за малите фармери и производители од рурални средини со цел зголемен приход“.

Очекувани испораки на ангажираниот експерт се:

1) Документи за обуката за зајакнување на капацитетите на малите земјоделци во насока на развој на промоција и маркетинг на групи на производители (PPT презентации, работни листови и друг материјал за обука)

2) Програма за тродневна обука

3) Спроведување на 8 обуки (просечно по 20 учесници по обука)

4) Извештај за секоја од 8-те обуки поединечно на образец даден од страна на НФФ

5) Завршен извештај за спроведената активност

Очекувано времетраење на договорот

Експертот ќе биде ангажиран вкупно 50  работни дена во периодот од 8 Април 2024 до 2 Септември 2024.

Патни трошоци и трошоци за сместување

Покриени во рамки на ангажманот.

Координација и известување

Ангажираниот експерт ќе поднесе извештај директно до Координаторот за организациски развој, наведувајќи го бројот на работни денови за време на ангажманот и задачите извршени во текот на ангажманот.

Услови за квалификацијa:

Задолжителни технички критериуми:

  • Соодветно универзитетско образование ( маркетинг, односи со јавност, општествени науки, економија, бизнис, агро-економија)
  • Најмалку 5 години професионално искуство за спроведување на задачата, искуство во промоција и маркетинг на групи на производители

Вештини на експертот:

  • Развиени аналитички и вештини за пишување
  • Презентациски вештини

Процедура за апликација:

Заинтересираните кандидати за овој ангажман мора да ги достават следните документи:

Ажурирано портфолио кое укажува на работа на слични задачи

Финансиска понуда, во која е наведена дневница во бруто износ и надомест во бруто износ за целокупниот ангажман, изразено во денари во вклучен персонален данок

Потпишана декларација/изјава за непостоење на конфликт на интерес

Понудите да се достават на две емеил адреси истовремено nff@nff.org.mk and vidanka.martinovska@nff.org.mk  најдоцна до  3 Април 2024.

Сите прашања поврзани со поднесување понуда за овој отворен повик можат да бидат поставени на емаил  vidanka.martinovska@nff.org.mk.

 

 Евалуација на понуди

Понудите со некомплетна документација и/или понуди пристигнати по истекот на рокот нема да бидат земени предвид.

Понудите ќе се оценуваат според следните критериуми:

Принципот на најдобра вредност за парите ќе биде земен предвид со користење на метод на комбинацијата од професионално искуство на експертот и претходната работа на слични задачи (60%) и финансиската понуда (40%)

Услови за плаќање

Плаќањето ќе се изврши со завршување на целосниот ангажман и доставување на финален извештај со сите пропратни документи (испораки). Откако извештајот ќе биде одбрен од страна на проект менаџерот- координаторот за организациски развој ќе се изврши исплата на целокупниот договорен надомест.

Изјава за конфликт на интерес

Апликантот ќе наведе дали тој има какви било деловни или лични односи со тесно поврзаните страни од НФФ и регионална канцеларија на We Effect во Скопје, нејзините управни тела и вработени или со слични тела/лица на клиентот (НФФ).

Тесно поврзана страна  (физичко или правно лице) според дефиницијата на We Effect се смета лице кое има можност да врши контрола или значително влијание врз другото лице кога станува збор за финансиско и оперативно одлучување во врска со некоја активност. Целта на Изјавата е да ги открие таквите информации што го прават процесот на аплицирање и евалуација потранспарентен и ги поддржува понудите во нивната релевантност според условите на отворениот пазар.

MSD ToR expert for development of promotion and marketing of producer groups for web
povik 2 Изјава за непостоење на конфликт на интереси