Националната федерација на фармери (НФФ) организираше работилница на тема „Поддршка на руралните општини во насока на креирање на буџетски мерки и политики за лицата со попречености во руралните средини“. Работилницата која се одржа на 19.05.2023 во Струмица е организирана во рамките на проектот „Поддршка на пазарните врски за руралното население со акцент на лицата со попреченост, руралните жени и други ранливи групи” кој е поддржан од страна на Германското друштво за меѓународна соработка GIZ, во рамките на проектот Поддршка на диверзификацијата на економските антивности во руралните подрачја на Југоисточна Европа – SEDRA II.

Претходно беа одржани три работилници на оваа тема во Скопје, Кочани и Велес.

Целта на овие работилници е да се стекнат со нови вештини и знаења претставниците на општини, локалните институции и организации во насока на креирање на буџетски мерки и политики за поддршка на лицата со попреченост и други ранливи групи. На работилницата присуствуваа лица со попречености од рурални средини кои заеднички работеа со претставниците на институциите на дефинирање на проблемите и предизвиците на лицата со попречености во руралните средини, и покренување на заеднички иницијативи за подобрување на нивниот живот во руралните средини.

Обуката беше одржана од проф.д-р Наташа Станојковска – Трајковска од Институт за специјална едукација и рехабилитација при Филозовски факултет ,а модерирана од страна на Ангела Самарџиќ, НФФ проект кординаторка.

На работилницата присуствуваа претставници од Општина Василево, Општина Струмица, Црвен Крст Општина Струмица, претставник од Здружението “Порака”, како и лица со попречености, кои дадоа свој придонес од оваа работилница да произлезат заклучоци, препораки и иницијативи кои подоцна ќе бидат презентирани пред општините за нивна имплементација.

Следната и последна обука на оваа тема ќе се организира на 01.06.2023 во Македонски Брод .