ПОВИК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

 АДМИНИСТРАТИВЕН АСИСТЕНТ

 

  1. За НФФ

Националната федерација на фармери (НФФ) ја претставува најголемата мрежа на фармери и земјоделски организации во земјата. Ги обединува активностите на преку 20 локални земјоделски организации и задруги, кои го претставуваат гласот на повеќе од 3.000 земјоделци и соработуваат со речиси сите клучни играчи во секторот земјоделство и агробизнис. НФФ работи според заедничката визија: Профитабилно земјоделство – стабилно село и мисијата: Организиран земјоделец лидер во земјоделскиот и руралниот развој.

Покрај земјоделците, земјоделските здруженија и земјоделските задруги, НФФ во својата работа посветува особено внимание на зајакнување и поддршка на ранливите категории во руралните средини, а дава поголема поддршка за младите, жените и лицата со попреченост и нивно директно вклучување во развој на земјоделството преку одлучување и активно делување.

НФФ работи на подобрување на животот на руралното население преку создавање на одржливи механизми преку лоби и застапување, информации, едукација, деловна поддршка, демонстративни фарми, студиски посети и други форми на трансфер на знаење и учење. НФФ верува дека само добро обучени, квалификувани и бизнис ориентирани земјоделци можат да го бидат развојот на земјоделството.

Организацијата одржува стратешко партнерство со академската и истражувачката заедница (факултети и институти), давателите на советодавни услуги (АПРЗ и приватни компании), други невладини организации од Македонија и од регионот и партнерство со државни и странски институции и организации.

НФФ спроведува низа проекти кои се фокусираат на земјоделството и руралниот развој во Северна Македонија и активно соработува со различни меѓународни и донаторски организации. Најголем дел од работата на НФФ е поврзана со организирање на различни настани, активности. Поради оваа причина, НФФ бара лице за позицијата Административен асистент.

  1. Обврски на административниот асистент

Обврски и одговорности:

  • Логистика и поддршка на теренските активности;
  • Логистика и поддршка во организирање на настани, обуки и конференции на проектите кои ги спроведува НФФ ;
  • Подготовка на записници од состаноци и од настани и доставување до релевантните засегнати страни;
  • Скенирање и копирање на документи;
  • Логистика и поддршка на проектниот менаџер, проектниот координатор и извршниот директор во спроведувањето на проектните активности;
  • Комуникација со целната група/и, со членови на НФФ и земјоделци и рурално население;
  • Следење на правилата, процедурите и политиките на НФФ и донаторите
  • Потребни квалификации:
  • Завршено универзитетско образование
  • Искуство од најмалку 2 години на слична позиција
  • Искуство во администрација и канцелариско работење
  • Капацитет за работа на терен и локални заедници
  • Одлични комуникациски вештини
  • Способност за работа во тимови и под кратки рокови
  • Искуство со граѓанскиот сектор
  • Искуство со рурален и локален развој
  1. Вештини:
  • MS Office (компјутерски вештини)
  • Познавање на англиски јазик
  • Возачка дозвола (Б категорија)
  1. Услови за работа

Административниот асистент ќе работи со скратено работно време со 50% ангажман на проектот почнувајќи од 01.06.2023 година до 31.08.2023 година.

  1. Процедура за аплицирање:

Заинтересираните кандидати треба да ги достават следните документи:

  • Ажурирана биографија која јасно укажува на претходно работно искуство
  • Мотивациско писмо (максимум 1 страница)
  • Финансиски предлог-понуда за работната позиција изразена во денари

 

Сите документи треба да се достават по е-пошта на следните е-пошта истовремено на nff@nff.org.mk и vidanka.martinovska@nff.org.mk до 23.05.2023.

ОГЛАС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА АДМИНИСТРАТИВЕН АСИСТЕНТ