На годишното собрание на Националната федерација на фармери, кое ќе се оддржи на 24.04.2023, ќе се разгледуваат извештаите за 2022 години и програмата и финансискиот буџет за 2023 година и ќе започне со подготовка на новата стратегија на НФФ.

На свечениот дел ќе се обратат претставници од Федерацијата и инститиции и меѓународни организации вклучувајќи ја и претседателката на НФФ, Васка Мојсовска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска и регионалната директорка на We Effect за регионот Европа, Анели Леина.
Покрај обраќањата, ќе се доделат благодарници за соработка со Националната федерација на фармери и ќе се презентира краток видео запис за активностите и резултатите на НФФ.

Покрај обраќањата, ќе се доделат благодарници за соработка со Националната федерација на фармери и ќе се презентира краток видео запис за активностите и резултатите на НФФ.

Годишно собрание на Националната федерација на фармери е место каде фармерите, лидерите и соработниците можат да разменат мислења за актуелните прашања во земјоделството и руралниот развој.