Шаренолики бои и вкусни медови, маџуни, слатка, макала, сокови, бурата, млечни производи, природна козметика и домашни традиционални пијалоци беа дел од производите кои ги презентираа 20 млади фармери.

КУПУВАЈТЕ ДОМАШНИ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ!

Саемот е дел од активностите на проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени пазарни врски на младите фармери и производители на храна од руралните средини со цел зголемен приход“, финансиран од Шведска , подржан од Шведската организација за развој We Effect и имплементиран од Националната федерација на фармери.