Одржана обука за агротехнички мерки и наводнување на пченицата со земјоделците кои се дел од интервенцијата „Договорно производство на пченицата“ која е дел од НФФ проектот „Организациски развој на НФФ и подобрување на пазарните врски за малите земјоделци и производители на храна од руралните области со цел зголемување на нивните приходи“, поддржан од Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – Sida и Шведската организација за развој We Effect Europe.

На сите земјоделци им беа дадени соодветни совети од страна на проф. д-р Вјекослав Танасковиќ и проф. д-р Миле Маркоски. врз основа на направените почвени анализа од Факултетот за земјоделски науки и храна. Посебно е потенцирано дека врз основа на почвените анализи се дава насока за прихранување и наводнување.