НФФ одржа информативна средба со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за новиот модел за субвенционирање и Програмата за финансиска подддршка во земјоделството и руралниот развој. На средбата присуствуваа Никица Бачовски, директор на Агенцијата за финанскиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Гоце Георгиевски, раководител на секторот за рурален развој во МЗШВ кои го презентираа новиот предлог модел, а средбата ја отвори Васка Мојсовска, претседателка на НФФ.
На средбата беше укажано дека со новиот предлог модел сите земјоделци добиваат основна субвенција наменета за одржување на земјиштето во обработлива состојба . Дополнителна субвенција добиваат оние земјоделци кои произведуваат значајни култури или производи, односно земјиштето го обработуваат, остваруваат принос и продажба.

Дебатата која се водеше е во делот на критериумот за продажба, така што НФФ смета дека треба да се изнајде решение кое ќе ги опфати со соодветен документ или извештај сите форми на продажба како што се регистрирани откупувачи, продажба од фармер на фармер, на пазар, правење на преработки и слично. Ваквии сугестии исто така беа разгледувани и во рамките на потсекторските групи на МЗШВ. Она што е заеднички став на сите е дека субвенциите треба да имаат развојна компонента и да се насочени за вистинските земјоделци, осносно оние кои што произведуваат, продаваат и егзистираат од земјоделството.