Учествувавме денеска на свеченото отворање на проектот финансиран од Европската Унија (ЕУ) ‘’Унапредување на консолидацијата на земјиштето во Северна Македонија’’ и истовремено одбележување на резултатите (официјално затворање) на проектот финансиран од ЕУ ‘’Воведување на Национална Програма за консолидација на земјиште’’ (МАИНЛАНД). Свое обраќање на настанот имаше Стеван Орозовиќ, извршен директор на НФФ кој потенцира дека НФФ го подржува процесот на консолидација на земјоделското земјиште и ќе продолжи и во наредната фаза да соработува во рамките на проектот. „Со консолидацијата се решаваа инфратструктурни прашања и се помага на земјоделците да не се раситнуваат туку да го окрупноваат и развиваат земјоделското производство“, потенцира Орозовиќ. На настанот се обрати Љупчо Николовски, Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Амбасадор Дејвид Гир, Шеф на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија и г. Набил Ганги, Заменик регионален претставник на ФАО за Европа и Централна Азија и шеф на канцеларијата на ФАО во Северна Македонија.

На настанот присуствуваше и Васка Мојсовска, претседателка на НФФ. Проектот финансиран од ЕУ „Воведување на Националната Програма за консолидација на земјиште“ (МАИНЛАНД) го спроведува ФАО во тесна соработка со МЗШВ, во периодот од март 2017 до ноември 2022 година. Проектот финансиран од ЕУ „Унапредување на консолидацијата на земјиштето во Северна Македонија“ исто така го спроведува ФАО во тесна соработка со МЗШВ, во периодот од август 2022 година до јануари 2026 година. Главни корисници на двата проекти се малите земјоделски стопанства и семејните фарми, а клучни партнери се МЗШВ, Агенцијата за катастар на недвижности, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, локалните самоуправи, приватните геодетски компании и граѓанските организации кои ги застапуваат сопствениците и корисниците на земјоделското земјиште.