На 2.11 се оддржа состанок на УО на Националната федерација на фармери каде што се разговараше за активностите за интервенциите на НФФ во делот на развој и јакнење на договорното производство и пласманот, активностите што НФФ ги презема во делот на лобирањето, новиот модел за субвенционирање, измените во законот за земјоделско земјиште и проблемите кои ги имаат земјоделците во делот на користењена елекетрична енергија на своите фарми и насади. Воедно се направи осврт на активностите кои НФФ ги имплементира во изминатиот период со посебен осврт на следните активности:

– Организирање на Меѓународниот ден на руралната жена -Изложбениот саем во Резиденцијата на претседателот на државата
– подршките за договорно производство за пченицата, градинарски култури и школски шеми
– креирањето на првиот сок „Преспино“од оператор за храна, Трантал фарм
– Формирање и фацилитирање на работна група за изнаоѓање на правен механизам за решавање на проблемот со породилното отсуство и боледувањето.