Националната федерација на фармери денес реализира средба со Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска на која што се разговараше за процесот за изнаоѓање на правен механизам за остварување на право на надоместок за мајчинство и боледување на регистрираните земјоделки и земјоделци. Активностите кои се одвиваат во работната група за изнаоѓање на правно решение за остварување на право на надоместок за мајчинство и боледување на регистрираните земјоделки и земјоделци.
НФФ информира и за активнсотите кои ги спроведуваат за лицата со попречености во руралните средини и дека тие се активно вклучени и во подготовката на Националната стратегија за правата на лицата со попреченост, со цел поддршка на маргинализираните лица во нашето општество, со акцент на лицата со попреченост кои доаѓаат од руралните средини. На средбата присуствуваа Стеван Орозовиќ, извршен директор на НФФ и Билјана Петровска – Митревска, проект менаџер на НФФ.