На самиот почеток на есенската сеидба на пченицата, Националната федерација на фармери подржа интервенција на договорно производство и продажба на пченица . 20 земјоделци од прилепскиот регион добија семенски сертифицирана пченица и потпишаа договори за откуп со компанијата „ Соро Промет“ што за првпат во нашата држава се применува моделот на договорно производство за пченица, стратешки производ во државата. Националната федерација на фармери ќе го следи процесот на производство и откуп.
Целта на интервенцијата „Подобар пристап до пазарот за производителите на пченица преку планирано договорно производство” е да се примени моделот на договорно производство, подобрување на квалитетот на производство, едукација и примена на добри агротехнички мерки во делот на производство на пченица за зголемување на квалитетот и приносот. Во рамките на пилот интервенцијата вклучени се 20 земјоделци од здружението „Фармер“ од Мажучиште.
За поголема вклученост на жените во делот на управувањето на земјоделското стопанство, во интервенцијата повеќе од половина од вклучените земјоделелци се и жени, чија основна дејност им е земјоделството и се носителки на земјоделското стопанство.
Интервенцијата е дел од проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени пазарни врски за малите фармери и производители од руралните области со цел зголемен приход“поддржан од Шведската организација за развој We Effect и Sida.