Националната Федерацијата на Фармерите (НФФ) е организиран глас на македонските земјоделци со мисија „Профитабилно земјоделство – Стабилно село”. Целните групи со кои работи НФФ ги опфаќа сите
категории земјоделци, најсиромашните, ранливите, земјоделските семејни стопанства, земјоделските организации и земјоделските задруги, како еден од најсовремените облици на организација на здружениот труд и настап на пазари. НФФ како основна алатка го има лобирањето и застапувањето на земјоделците и реализацијата на активности во подобрување на бизнис опкружувањето, едукација и информирање на
земјоделците во насока на зголемување на продуктивноста и конкурентноста. НФФ посветува посебно внимание на младите и жените, родовата еднаквост и намалувањето на сиромаштијата во руралните средини.

Националната Федерација на фармери, Скопје, има потреба од ангажман на кофацилитатор во рамките на имплементација на планирани активности во проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени врски со пазарот за малите земјоделци и производители од рурални области со цел зголемување на приходите (Market System Development- P9408)” поддржан од Шведската организација за развој We effect и Sida.

Ангажманот на кофацилитаторот е 100% ангажман, полно работното време за период од 01.09.2022 до 31.12.2022. Овластувањата, задачи, обврски и одговорностите се наведени подетално во Terms of references (ToR), кој е дел од овој Јавен повик/оглас за ангажирање на кофацилитатор.

Условите за апликации и потребни квалификации се наведени во ToR кој едел од повикот.

Сите заинтересирани кандидати треба да пратат CV (биографија), понуда за плата  и да ја потпишат декларацијата која е дел од повикот. Сите документи да ги испратат на двата e-mail
vidanka.martinovska@nff.org.mk  и nff@nff.org.mk  најдоцна до 17.08.2022 со назнака: „za aplikacija cofacilitator”.

Co-Facilitator-NFF-web-objava

Декларација за непостоење на конфликт на интереси МСД