Националната федерација на фармери одржа тркалезна маса на која што се разговараше за постоечките политики и мерки за лицата со попреченост во руралните средини, понатамошни потреби и предизвици. На тркалезната учествуваа претставници од локални и национални институции, организации и останати релевантни чинители. Активноста е дел од проектот „From Disability to FoodAbility” поддржан од Шведската организација за развој We Effect и Radiohjalpen.