Во текот на овие денови Националната федерација на фармери ги потпиша договорите за донација со општините Васелово, Босилово, Струмица, Чешиново и Облешево, Зрновци, Велес, Чашка, Бутел, Гази Баба, Зелениково, Студеничани, Јагуновце, Гостивар, Пласница и Македонски Брод. Доделени се 6 сензорни соби и 11 инклузивни детски игралишта со намена да обезбедат подобар пристап до јавни и асистивни услуги на лицата со попреченост од руралните средини. Активноста е дел од проектот  „From Disability to FoodAbility” поддржан од Шведската организација за развој We Effect и Radiohjalpen.