На 12 април 2022 година  во Јегуновце  и на 15 април 2022 година во  Македонски Брод,  беа реализирани средби на кои е презентирана анализата со фокус на правата и потребите на лица со попреченост и нивните семејства во руралните средини со локални заедници и институции. Активноста е дел од проектот “From Disability to FoodAbility” поддржан од Шведската организација за развој We Effect и Radiohjalpen кој НФФ го имплементира.

На презентациите присуствуваа лица од повеќе локални самоуправа и училишта како и лица со попреченост каде на истите им беа презентирани наодите од анализата и беше  разговарано за заеднички настап во решавањето на проблемите на лицата со попреченост во тамошните локални заедници.