Во периодот март – април 2022 година беше реализиран студиски кружок  во поречкиот регион на тема  „Здравствена превенција на лица со попреченост (згрижувачки семејства) со посебен осврт на женското здравје“.

Во рамките на кружокот беше разгледуван проблемот на  здравствената превенција на членовите на згрижувачките семејства кои се форма на вонинституционална заштита на лица со попреченост, каде што тие за материјален надоместок згрижуваат лица со попреченост.Активноста е дел од проектот “From Disability to FoodAbility” поддржан од Шведската организација за развој We Effect и Radiohjalpen кој НФФ го имплементира.