Во рамките на проектот “From Disability to FoodAbility” поддржан од Шведската организација за развој We Effect и Radiohjalpen кој НФФ го имплементира се реализираат активности за формирање на студиски кружоци како алатка за неформална  едукација на возрасни лица во мали групи.

Со цел да се анимираат лицата со попреченост  од струмичкиот регион  во март – април 2002 година во струмичкото село Владевци беше реализиран студиски кружок  на тема „Социјални  и здравствени права на лица со попреченост“. Во самата активност беа реализирани вкупно 4 средби каде што присутните беа запознаени со   нивните права од страна на експерт од областа и во рамките на кружокот беше подготвена и брошура за социјалните и здравствени права на лица со попрченост.