Националната федерација на фармери со седиште на ул. Гиго Михајловски бр. 4/1/1 од Скопје, (Нарачател) која е е една од партнер организациите кои го спроведуваат проектот ,,Национална платформа за женско претприемништво (NPWE)” финансиран од Европската Унија, во соработка со Здружение на Бизнис жени, Фондација за менаџмент и индустриско производство МИР и Сојуз на стопански комори Ви доставува Барање за прибирање на понуди за преведувачки услуги.

Предмет на понудата

Предмет на прибирање на понуди е :

  • Преведувачки услуги (симултан превод) за времетраење на настан-Годишен самит на Национална Платформа за Женско Претприемништво
  • Предметот на набавка -преведувачки услуги е дел од буџетската ставка 5.5.1 Превод за Годишен самит
  • Опис на потребните услуги
  • Преведувачките услуги се дел од активноста 2.1. Организирање на Годишен самит 
  • Преводот е потребен за целото времетраење на настанот 18.11 и 19.11, односно 2 (два) дена со почеток од 10.00-15.30 ч.  на 18.11.2021 и со почеток од 10.00-15.30 на 19.11.2021
  • Преводот е потребен за следните јазици : македонски јазик-англиски јазик и англиски јазик-македонски јазик
  • Цената треба да е фиксна и изразена во денари. Цената треба да биде дадена по ден и вкупна цена.
  •  Цената треба да биде прикажана без ДДВ, а износот на ДДВ да се прикаже одделно.
  • Критериуми за избор и начин на  плаќање
  • Изборот на најсоодветната понуда ќе биде извршена според принципот “најниска цена на понуда”
  • За повикот можат да се поднесат понуда правни субјекти и физички лица.
  • Плаќањето ќе биде извршено по завршената активност односно по завршување на настанот и испорачување на услугата.
  • Процедура за пријавување и краен рок на пријавување

Понудите треба да бидат доставени на ваш меморандум со јасно изразени цени без ДДВ и ДДВ прикажан одделно. Краен рок за доставување на понудите е  8.11.2021 () до 16.00ч. исклучиво по електронска пошта на адреса  daniela.antonovska@nff.org.mk

Понудите што ќе бидат доставени по овој рок нема да бидат земени предвид.

барање-за-прибирања-на-понуди-за-ангажирање-преведувач