Националната Федерацијата на Фармерите (НФФ) е организиран глас на македонските земјоделци со мисија „Профитабилно земјоделство – Стабилно село”. Целните групи со кои работи НФФ ги опфаќа сите категории земјоделци, најсиромашните, ранливите, земјоделските семејни стопанства, земјоделските организации и земјоделските задруги, како еден од најсовремените облици на организација на здружениот труд и настап на пазари. НФФ како основна алатка го има лобирањето и застапувањето на земјоделците и реализацијата на активности во подобрување на бизнис опкружувањето, едукација и информирање на земјоделците во насока на зголемување на продуктивноста и конкурентноста. НФФ посветува посебно внимание на младите и жените, родовата еднаквост и намалувањето на сиромаштијата во руралните средини.

Националната Федерација на фармери, Скопје, има потреба од ангажман на IT Експерт за развој на податочни бази, одредување геолокација и контрола на податоци по зададени параметри. Ангажманот започнува од 10.06.2021 до 10.07.2021 со можност за продолжување. Во прилог е даден целиот опис на задолженија.

Обврски

  • Креирање на податочни бази
  • Одредување на геолокации на микро ниво на територија на РМ
  • Контрола на внесени податоци во податочни бази
  • Оддржување на податочните бази
  • Собирање и проверка на анкетни листови
  • Внес на податоци од анкетните листови во податочни бази
  • Проверка на внесените податоци

Квалификации:

  • Искуство од минимум 5 години со работа со податочни бази и онлајн платформи
  • Искуство од минимум 5 години со тестирање и контрола на податоци
  • Искуство од минимум 5 години со оддржување на податочни бази
  • Постапување како тимски играч и олеснување на работата во тим
  • Ефективна комуникација и социјални вештини;
  • Доследно пристапување кон работата со енергија и позитивен став;

Сите заинтересирани кандидати треба да пратат биографија на англиски јазик со основни податоци и искуство .

Биографијата се доставува на двата e-mail: vidanka.martinovska@nff.org.mk и nff@nff.org.mk најдоцна до 04.06.2021 (петок) до 15 часот, со назнака: „za IT Ekspert ”. Селектираните кандидати ќе бидат викнати на интервју.

ТоР-IT-Експерт-ФАО