Националната федерација на фармери преку ЗУМ конференција ја оддржа редовната седница на Годишното Собрание на организацијата , кое беше водено и модерирано успешно од страна на претседавачот Владе Претровски. На собранието се обрати Васка Мојсовска, претседателка на НФФ, која укажа дека оваа година посебен внимание се посветува на лобирањето во време на Корона кризата, каде што беа покренати голем број на иницијативи и е подготвена анализа за земјоделството и Корона кризата (прва ваква анализа во државата од овој тип), која е во насока на давање на предлози и препораки за подршка и развој на земјоделците чија основна дејност е земјоделството. Со поздравен говор се обрати и Васко Хаџиевски претставник на Шведската органзиација We Effect кој посака успешно одвивање на собранието и им порача на земјоделците да се горди на својата организација, која прави вистински напори и резултати за развој на земјоделците и земјоделството. Делегатите истакнаа дека се задоволни од работата на организација, посебно што се покренуваат иницијативи и активности во насока на развој и подршки на малите земјоделци и слушање на нивниот глас пред институциите и општеството. Тие посакаа до година да се одржи Собранието на НФФ во нормални услови со одвивање на непосредна и директна комуникација.
Stay In Touch