Во периодот од 15 до 18 август 2019 беше реализирано студиско патување наменето за членовите на мрежата на млади фармери на НФФ. Студиското патување се реализраше во Србија и имаше за цел размена на искуства меѓу младите фармери од двете држави, остарување на понатамошна соработка и вмрежување со организации кои работат на слична или иста проблематика. 

Во рамките на студиското патување беше посетено Српското здружение на млади земјоделци кое ги застапува интересите на младите фармери во Србија. Станува збор за членска организација слична на НФФ а беа посетени и членови на здружението во близина на Нови Сад. Беше посетена фарма за насад со вишни чии сопственици се во размислување за инвестиција на мал погон за производство на пиво.

Едукативниот дел на патувањето се состоеше од посета на компанија за производство на органски садници на култивирана шумска јагода, боровинка, рибизли и друго јагодесто овошје. Компанијата има мрежа на кооперанти за кооперативно производство на јагодесто овошје со решен откуп. Исто така беше посетен Институтот за саден материјал за аеропонско производство на семенски компир.

Студиското патување е составен дел од проектот „Институционална поддршка на НФФ”  кој се реализра со поддршка на We Effect  и меѓу другото има за цел да ја зајакне мрежата на млади фармери.