Пишуваат: дипл. инж. агр. Зоран Налетоски, м-р Наташа Матева

Експонирањето на генетскиот потенцијал на молзните крави е можно само во услови на добра нега, исхрана и, пред сè, со обезбедување на оптимални услови во објектите каде што престојуваат. При планирањето на изградбата на овој тип штали треба да се води сметка за големината на стадото, односно категориите на говеда што ќ е се одгледуваат.

Табела 1. Типични категории на говеда на фармата во текот на годината со 13 месеци меѓутелидбен период, 50% добиени женски телиња и продажба на stali slobodno 2машките телиња непосредно по одбивањето, 5% смртност и обезбедување на 25 јуници на 100 крави за ремонт на стадото.

Кај овој систем на одгледување, шталите може да бидат едноредни, дворедни и повеќередни. Ваквиот систем на одгледување на кравите може да биде на длабока простирка и одгледување во поединечни боксови. Двата система имаат по две одделенија: за молзење (молзилиште), дел за одмор, како и за исхрана на грлата.

При одгледување на длабока простирка потребно е да се обезбеди простор од 5,8–7,4 м2 по крава. Кај овој систем простирката (сламата) се надополнува секојдневно во количества од 1 кг/ ден/грло, а чистењето е по потреба (3–4 пати годишно). Чистењето се врши рачно или со тракторска даска.

 

Вториот начин е решеткаст под, каде што изѓубрувањето е по гравитација, во септички канали и јами кои се наоѓаат под самата штала или на бетонски под каде што изѓубрувањето е со скрепер.

При одгледување на говедата на длабока простирка, организацијата на шталата е слична, со тоа што не постојат боксовите за лежење.

Важен фактор е воведувањето компјутерска исхрана на говедата. Кај слободниот систем на држење на говедата, потребно е да се предвидат неколку простории и коридори за овозможување лесен пристап од шталата до молзилиштето.
Молзилиштето се состои од чекалиште, просторија за складирање, ладење на млекото и уреди за миење на системот за молзење.

Во овој дел неопходно е да се инсталира опрема:

• огради и врата во чекалиште,
• уред за терање на кравите (гонич),
• боксови за молзење,
• млеководи и вакуум,stali slobodno 4
• молзни единици,
• уред за идентификација на кравите,
• единици за контрола на млечноста,
• просторија за вакуум-пумпите,
• стационар за третман на проблематичните грла,
• магацин за храна,
• останати придружни простории (лабораторија, компјутерска соба, санитарни јазли).

Очевидни се предностите на овој систем:

• групирање на кравите според млечност, фаза на лактација и старост,
• користење на целосен оброк,
• преку транспондери или педометри, овозможено е програмирана и индивидуална исхрана во зависност од млечноста,
• молзење на грлата во посебна просторија одвоена од местото каде што грлата се хранат (се избегнува дигање на прашина), со што се добива поквалитетно млеко,
• подобро здравје на грлата,
• механизирано изѓубрување,
• намален ангажман на работна сила, порентабилно работење.