Националната федерација на фармери во изминативе две години активно лобираше за донесување на измени во Законот за вино. Нашите препораки беа делумно прифатени, што резултираше со усвојување на нашата заложба за пресметка на производната цена на винските сорти „Смедервка“ и „Вранец“ од страна на научна институција. Со ова, најниската откупна цена од оваа година ќе биде 25% повисока од производната цена, и сметаме дека оваа пракса треба да продолжи.

Измените на Законот за вино беа усвоени на почетокот на 2024 година, Правилникот за пресметка за производната цена на грозје е донесен во мај 2024, а производната цена е објавена на 6.08.2024. Сепак, сметаме дека оваа информација треба да биде објавена порано, најкасно до јуни месец.

 

Објавената информација од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за пресметаната производна цена, во која се вклучените и 25% изнесува 18,3 денари за „Смедервка“ и 20,8 денари за „Вранец“, е изработена од Институтот за земјоделство според дефинирана методологија. Ние сметаме дека од страна на МЗШВ самата пресметка треба да биде навремено јавно објавена за да се расчистат недоразбирањата и да се избегне забуна во јавноста.

Националната федерација на фармери сака да потенцира дека ваквиот пристап кон решавање на долгогодишните проблеми во секторот лозарство ги поставува лозарите во подобра позиција, намалувајќи ги манипулациите од страна на откупувачите. Oвој системски пристап резултираше со зголемување на откупните цени на „Смедеревка “и „Вранец“оваа година. Минатата година таа изнесуваше 13-12 денари по кг предадена „Смедеревка“ и 15-17 денари по кг. предаден „Вранец“, а изминатите години беше уште пониска, така што оваа година цената за Смедеревка изнесува 18,3 денари по кг и 20,8 денари по кг за „Вранец“ доколку шеќерните единици изнесуваат 17 за Смедеревка и 19 за Вранец, кои се најниски шеќерни единици за откуп на грозјето.

Националната федерација на фармери апелира до надлежните институции, до Земјоделскиот инспекторат, да го следат процесот на откуп и да се осигураат дека не се вршат манипулации со шеќерните единици и воедно контролата да се врши подеднакво и на винариите и на индивидуалните трговци за откуп на винско грозје, како и да се спречуваат дивите откупувачи да откупуваат грозје, кои на манипулативен начин ќе сакаат да откупуваат винско грозје по пониска цена.

Винарите и откупувачите треба да ги почитуваат договорените откупни цени, односно да ги почитуваат сегашните договорени откупни минимални цени и да ги корегираат своите ценовници каде што таа цена е сега  пониска, а воедно да го почитуваат Законот за вино за секоја повисока шеќерна единица да се плаќа еден денар плус. Бараме од винариите и откупувачите да го исплаќаат износот за откупено винско грозје во целост во рок од седум дена и да не ја намалуваат откупната цена за 8%, бидејќи ова не одговара на ниту едни пазарни, демократски и европски правила, принципи и услови со кои се регулира откупот, туку на ваков начин само се овозможува намалување на цената на откуп на винско грозје и се демотивираат лозарите да произведуваат грозје и ги напуштаат лозовите насади. Треба конечно винариите да сфатат дека треба да се воспостават партнерски односи со лозарите преку договорно производство кое ќе се склучува на почетокот на производната година на грозје.

Националната федерација на фармери со години бара измена на членот 20 од Законот за вино, така што исплатата за откупеното грозје за сите сорти да биде извршено во рок од седум дена без да биде намалена откупната цена за 8 % или најдоцна до декември во тековната година, а не како што е наведено сега  во Законот исплатата на износот за откупеното винско грозје на секој производител на винско грозје, винаријата или трговецот на винско грозје да ја изврши на три рати, од кои првата рата во висина од најмалку 20% најдоцна до 15 декември во годината кога е извршен откупот, втората рата во висина од најмалку 40% најдоцна до 15 февруари наредната година од годината кога е извршен откупот и третата рата со останатиот износ најдоцна до 30 април наредната година од годината кога е извршен откупот.

Оваа сезона беше посебно тешка за лозарите поради климатските промени, големата суша и проблемите со системите за наводнување. Бараме итна реконструкција на овие системи за да се зачува грозјето.

Националната федерација на фармери ќе го следи тековниот откуп и ќе излезе со конкретен извештај и препораки во септември, но истовремено како и досега ќе дава предлози и насоки за измени на закони, стартегии и политики во насока на подобрување на состојбата во лозарство и земјоделство.

Оваа сезона беше посебно тешка за лозарите поради климатските промени, големата суша и проблемите со системите за наводнување. Бараме итна реконструкција на овие системи за да се зачува грозјето.

Националната федерација на фармери ќе го следи тековниот откуп и ќе излезе со конкретен извештај и препораки во септември, но истовремено како и досега ќе дава предлози и насоки за измени на закони, стартегии и политики во насока на подобрување на состојбата во лозарство и земјоделство.