Националната федерација на фармери (НФФ) на 25 и 26 април организираше две работилници на тема „Поддршка на руралните општини во насока на креирање на буџетски мерки и политики за лицата со попречености во руралните средини“. Работилници кои се одржаа во Скопје и Кочани се дел од  проектот „Поддршка на пазарните врски за руралното население со акцент на лицата со попреченост, руралните жени и други ранливи групи” кој е поддржан од страна на Германското друштво за меѓународна соработка GIZ, во рамките на проектот Поддршка на диверзификацијата на економските антивности во руралните подрачја на Југоисточна Европа – SEDRA II.

Целта на овие работилници е да се стекнат сонови вештини и знаења претставниците на општини, локалните институции и организации во насока на креирање на буџетски мерки и политики за поддршка на лицата со попреченост и други ранливи групи. Во работилниците присуствуваа лица со попречености од рурални средини кои заеднички работеа со претставниците на институциите на дефинирање на проблемите и предизвиците на лицата со попречености во руралните средини, и покренување на заеднички иницијативи за подобрување на нивниот живот во руралните средини.

Обуката беше одржана од проф.д-р Наташа Станојковска – Трајковска од Институт за специјална едукација и рехабилитација при Филозовски факултет, а со поздравен говор се обрати Ирена Џимревска од Германското друштво за меѓународна соработка GIZ, која истакна лицата дека ваквите активности треба да овозможат поголема соработка помеѓу институциите и лицата со попречености, како и нивните семејства, во насока на подобрување на економската и социјална положба на лицата со попречености во руралните средини. Работилниците беа модерирани од Билјана Петровска – Митревска, проект менаџерка во НФФ и Ангела Самарџиќ, НФФ проект кординаторка.

На работилниците присуствуваа претставници од општините Зелениково, Студеничани, Гази Баба, Зрновци, Чешиново – Облешево, Гостивар, претставници од центри за социјална работа, претставници од здружение за целебрална парализа- Тетово, претставник од Основно Училиште Златен Сремец, Скопски плански регион, Завод за рехабилитација на млади со оштетен вид, како и лица со попреченост, кој дадоа свој придонес од овие работилници да произлезат заклучоци, препораки и иницијативи кои подоцна ќе бидат презентирани пред општините за нивна имплементација.

Следните обуки ќе се организираат во мај во Велес, Македонски Брод и Струмица.