Во Лозово и Струмица во текот на март и април месец беа релизирни две работилници за самозастапување и застапување за остварување на правата на лица со попреченост. На работилниците беа присутни повеќе лица со попреченост со кои се разговараше за современите текови на  инклузијата на лицата со посебни потреби во општественото живеење со фокус на правата на лицата кои живеат во руралните средини, На работилниците беше презентирана и Конвенција за правата на лицата со попреченост на која нашата држава е потписничка.

Активноста е дел од проектот “From Disability to FoodAbility” поддржан од Шведската организација за развој We Effect и Radiohjalpen кој НФФ го имплементира

На работилниците беше посочено дека сите луѓе се исти пред законот и дека никој не треба да има помали животни можности поради местото на раѓање, личните верувања, или попреченоста – односно без дискриминација од каков било вид.  Присутните беа запознати  со  правата на сите лица со попреченост да живеат самостојно и да бидат вклучени во заедницата, со слобода на избор и контрола врз својот живот. Затоа што сите човечки суштества се раѓаат еднакви во достоинство и права и дека секој живот е подеднакво вреден. Во продлжение на работилницата  беше презентиран начинот на нивно самозастапување пред институциите на државата и практични примери за остварување на правото на траен надоместок, а е потенцирана и обврската на државата да обезбеди ист опсег, квалитет и стандард на бесплатна или достапна здравствена грижа и програми за лицата со попреченост, како и за другите лица. Предавач на обуките е проф. д-р Наташа Станојковска – Трајковска од Институтот за специјална едукација и рехабилитација на Филозофскиот факултет.