Оваа година големи проблеми и предизвици во пчеларството направија климатските промени. Токму во овој сектор е потребна едукација, но и внесување на нови технологии за производство. Негативни последици од Корона пандемијата врз овој сектор се токму затворање на пазарите на самиот почеток и неможноста за организирање и посета на саеми и пчеларски изложби од каде што пчеларите директно црпат нови знаења и скуства и технологии за производство. Позитивната страна од Ковид кризата е зголемување на побарувачката на мед и другите пчелни производи.Ова е потенцирано од страна на кочанското здружение „Златна Кошница“, членка на Националната федерација на фармери.Во насока на поддршка на пчеларите од здружението „Златна кошница“ од Кочани (членка на Националната федерација на фармери) преку проектот „Обезбеденост со храна и економско зајакнување на најранливите заедници во Северна Македонија“, поддржан од Шведската амбасада/ Сида и We Effect, Националната федерација на фармери им додели дупликатор за производство на инвертен сируп, ензими и шеќер кои исто така се користат за производство на сирупот за прихрана на пчелите и истиот позитивно влијаае врз пчелите бидејќи не ги истоштува, односно трошат помалку енергија во однос со прихраната со шеќерен сируп. На тој начин пчелните семејства презимуваат во подобра кондиција и има помали загуби во текот на презимувањето. „Опремата заеднички ќе се користи од сите членови на здружението на тој начин што истата ќе биде сместена во слободна просторија на член од здружението кој истовремено и ќе се грижи за подготовка на сирупот по претходна нарачка од членовите на здружението но и за други лица кои не се членови. На ваков начин ќе се овозможи зголемување на членство во здружението и заедничко остварување на приходи“, вели Киро Михаилов. Претседател на здружението „Златна Кошница“. Посетата е реализирана од страна на Вангелина Пармачка, членка на УО на НФФ и Билјана Петровска – Митревска, проект менаџер во НФФ на 19.12.2020 (сабота).