Во изминатите три – четири години (2013,2014,2015 и 2016) делови од територијата на Република Македонија беа зафатени со поплави предизвикани од големо количество на врнежи проследени со силен ветар. Најмногу од овие поплави беа манифестирани во тетовско, скопско, струмичко и пелагонискиот регион. Федерацијата на фармери во соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна и Шумарскиот факултет од Скопје минатата година изработи брошура „ Практичен водич и мерки за санација на почвите во поплавените подрачја“ каде од страна на експертите беше посочено дека природните катастрофи може делумно да се превенираат затоа што секогаш поевтина е превенцијата од ад хок интервенцијата на државата. Едни од најпоплавените подрачја во државата е регионот околу битолското село Новаци.

За таа цел за едукација на земјоделците што треба да правата пред, за време и послем поплавата со земјоделските површини, Федерацијата на фармерите на РМ во рамките на проектот „Институционална поддршка на ФФРМ“ подржан од We Effect одржа работилница. Според професорот, Миле Марковски од земјоделскиот факултет во Скопје во минатото државата во Пелагониската котлина има инвестирано големи сретства за систем за одводнување за Пелагонија да се претвори во плодна рамница, но долготрајните дождови и неисчистените одводни канали се закана за поплави на земјоделските површини. „ Катастрофите не бираат ни место ни време прашање е само на веројатност .

Обично државата нема пари за превенција од поплави, а за санација од попловите мора да најде кои се случуваат ненадејно и во кои за жал се загрозуваат или губат човечки животи, а се губат и материјални и културни добра и се загрозува животната средина“, вели Проф Марковски.

На предавањето во Новаци кое е едно од најризичните места за појава на поплави во Република Македонија поради конфигурацијата на теренот Марковски ги советуваше земјоделците за мерките кои сами можат да ги преземат, но и мерките кои може да ги преземат локалните и државните институции. Во рамките на предвањето имаше и едукативен дел за исхарна на говеда и мерки за справување со маститисот кај млечните крави од страна на Проф. Ѓоко Буневски од Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје.