50 земјоделци – ченови на НФФ во организација на Националната федерација присуствуваа на интернационалниот Земјоделски Саем во Нови Сад, кој е еден од најпосетуваните саеми во Западен Балкан и Југоисточна Европа. Посетителите на саемот имаа можност да видат земјоделска механизација и приклучни машини, овошни садници, опрема за млекарство, силоси и машини за сточна храна, сортирање на семе, системи за наводнување, опрема за живинарство, системи за третирање на овошје и зеленчук после берба, сушари за житарици, млинарски производи, хемиски производи, семе и посадочен материјал, амбалажа, градинарство, изградба и опремување на пластеници), производство и преработка на месо, градежен материјал, мерни инструменти, органски семиња, винарии и др.

Во рамките на посетата на 17 мај 2019 година  беше реализирана студиска посета на земјоделска задруга ЗЗ Вочар од Сланкамен. Станува збор за една од најуспешните земјоделски задруги на балканот каде 42 одгледувачи на јаболка се здружиле и изградиле сопствен ладилник со капацитет од 3500 тони вреденоста на ладилникот е 2 милиони евра. Нивната цел била да го продадат јаболкот за највисока цена  затоа што ладилникот е најсовремен тип со контролирана атмосвера каде родот може да се чува и до 8 месеци  без да изгуби на квалитет што ја олеснува продажбата на јаболкото. Ладилникот има вработено професионален менаџер  кој заедно со 5 вработени се грижат за беспрекорно функционирање на опремата инсталирана во ладилникот. Македонските овоштари можеа да учат од позитивен пример  затоа што во најголемата житница  (Војводина) во Европа  видоа беспрекорна организација на здружени јаболкопроизводители. Во продолжение беше посетена фарма за овци од расата Романовска овца во фармата на Васа Злоколица од населеното место  Жабаљ во близина на Нови Сад. На фармата членовите на НФФ можеа да видат овци од романовска раса и бурска раса на кози карактеристично за едната и за другата раса е тоа што станува збор за месни раси.

Во рамките на студиската посета присуствуваа 10 жени земјоделки чија активност се реализираше во рамките на проектот „Институционалн подршка на НФФ“ во подршка на We Effect.