НФФ: Косовската царина направи голема штета врз земјоделството, ЦЕФТА не е веќа гаранција за заштита и успех

Национална федерација на фармери ја прати состојбата за ефектите врз земјоделското стопанство од страна зголемените царина од 30% од страна на Косово за земјоделски производи.
Сегашната примена на оваа мерка од страна на Косово веќе создаде големи негативни последици: загуби во трговската размена од неколку милиони долари, намалени цени на откуп на домашните пазари, намалена доверба и сигурност во предадените количини при откуп, супституција на косовскиот пазар со други производи наместо традициоанално извезените македонски во овој период од годината.
Затоа укажуваме дека државата треба да се фокусира на проблемите поврзани со пласманот и климатските промени како приоритети кои ги анализиравме и за кои произлеговме со препораки на Првиот земјоделски форум кој Националната Федерација на Фармери го организираше во јуни оваа година.
Македонското земјоделство веќе забрзано пропаѓа, се повеќе ги губиме основните фактори на стабилноста на македонското село. Миграцијата на младите луѓе, опустошување на земјоделските површини, намалување на продуктивноста, губење на пазарите оставаат трајни последици. Затоа навремено планирање со соодветни политики и конкретни мерки можат да го спасат земјоделството и да обезбедат живот за повеќе од половина од населението во земјата.
Овде уште еднаш се потврдува фактот дека реалните проблеми во земјоделството се пласманот (пазарите) за македонските производи и во се поголем дел влијанието на климатските промени. Затоа земјоделската политика на државата треба да се фокусира на овој дел, планирање, развој и унапредување на можностите за пласман, преку соодветно услови во опкружувањето. На таков начин потрошените буџетски средства многу повеќе ќе дадат резултат, отколку исплатата за веќе направени штети.
Имено,Република Косово претставува еден од најзначајните трговски партнери на Република Македонија, Трговската размена со оваа земја е во постојан раст и нејзиниот обем достигнува и до 20 милиони долари месечно, или вкупниот годишен извоз од Република Македонија лани достигнал околу 225 милиони долари, а увозот само 37 милиони долари. Оттука Косово е ретка земја со која Република Македонија има суфицит во меѓусебната надворешна размена. Во текот на првите месеци од 2018 Република Македонија веќе извезла стока во вредност од 100 милиони долари
Значаен, ако не и најважен сегмент во извозот кон Косово претставува храната, односно земјоделските производи. Македонското овошје и зеленчук во голем дел завршуваат на косовските трпези, а косовскиот пазар за храна и понатаму е еден од клучните за пласман на нашите производи.
Во услови на големи климатски промени, настанати и очекувани штети, намалените приноси во одредени потсектори, ограничувањата за извоз на земјоделските производи уште повеќе ја намалуваат откупната цена и количина. Најголем број од земјоделците не успеваат ниту да ги покријата трошоците на производство, не размислувајќи воопшто дали нешто ќе остане за идни вложувања, односно инвестиции во почетокот на следната сезона.
Постоењето на ЦЕФТА како договор кој ја регулира “слободната” трговија веќе години наназад укажува на неприменливост и поигрувања посебно од државите во Југоисточна Европа (сличен настан имавме и минатата година од Република Хрватска). Времето на реакција за прекршувања на одредбите на ЦЕФТА е обично сосема ДОВОЛНО за да се нанесе неколку милионска штета која ќе остави долгорочни последици во развојот на секторот.
Оттука ЦЕФТА не е и не може да биде гаранција на успешна, отворена и функционална соработка, посебно помеѓу соседни земји. Од друга страна навремена анализа за производството и апсорпција на количините на традиционалните пазари треба да укаже на промени на опкружувањето, економски и политички фактори, зголемена/намалена конкурентност, врз основа на која политичките лидери ќе преземат навремени мерки за обезбедување на непречено функционирање на извозот.
Ние со години функционираме по логиката дека секоја зима “ Снегот пак не изненади “. Таквиот однос не остава простор за нормално планирање и развој на земјоделството, ниту подобрување на конкурентноста. Во таа ситуација справувањето со кризите е успех доколку претходно, согласно анализата, предвидите дека може да се случат такви ситуации, и реагирате со веќе подготвени предлог (контра) мерки.
Овде уште еднаш се потврдува фактот дека реалните проблеми во земјоделството се пласманот (пазарите) за македонските производи и во се поголем дел влијанието на климатските промени. Затоа земјоделската политика на државата треба да се фокусира на овој дел, планирање, развој и унапредување на можностите за пласман, преку соодветно услови во опкружувањето. На таков начин потрошените буџетски средства многу повеќе ќе дадат резултат, отколку исплатата за веќе направени штети.