Националната федерација на фармери (НФФ) на 18 март 2026 година ќе го одржи Генералното собрание (редовна седница). Настанот ќе ги обедини претставниците на земјоделскиот сектор, институциите, меѓународните партнери и граѓанските организации со цел да се разгледаат актуелните предизвици и можности за развој на малите земјоделци и производители од руралните средини.
Пред присутните ќе се обратат Стеванче Јорданоски, претседател на Националната федерација на фармери, Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Микаел Атерхог, раководител за развојна соработка во Амбасадата на Шведска во Северна Македонија, како и Сашо Ангеловски, национален менаџер на We Effect Европа.
Во рамки на настанот ќе се одржи и панел-дискусија на тема „Успешни приказни и пазарни можности за малите земјоделци “, на која ќе бидат презентирани резултатите од проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени врски на пазарот за малите земјоделци и производители од рурални области со цел зголемување на приходите“, поддржан од Шведска и од шведската организација за развој We Effect.
По завршување на свечениот дел на Генералното собрание на НФФ следува редовната седница на која присутните делегати ќе ги разгледуваат и усвојуваат активностите кои следуваат за тековната година и извештаите од претходната година.
Stay In Touch