📅 Датум: 13 декември 2025 (сабота)
📍 Локација: Скопје City Mall, прв кат
🕙 Време: 10:00 – 19:00 часот
Националната федерација на фармери со големо задоволство ја најавува одржливата гастрономска манифестација – Саемот на македонска традиционална храна „Нашиот вкус, нашата традиција“. Настанот има за цел да ги слави автентичните вкусови на Македонија, но и да ја истакне вредноста и значењето на локалното земјоделско производство.
Посетителите ќе имаат уникатна можност да дегустираат и да купат домашно подготвени производи од мали земјоделци и производители од различни рурални заедници: лутеници, ајвар, природни сокови, путери, мармалади, маџун, мед, макала, преработки од зеленчук и овошје и многу други традиционални специјалитети што со генерации се подготвуваат во македонските домови.
Саемот претставува повеќе од место за уживање во вкусната домашна храна – тој е силна поддршка за малите фармери, промоција на локалната економија и поттик за развивање здрав и одржлив начин на исхрана. Ова е можност граѓаните директно да го поддржат домашното производство и да се запознаат со богатството на македонската гастрономија.
Настанот е организиран од Националната федерација на фармери и Скопје City Mall, со поддршка од Шведска и We Effect преку проектот „Организациски развој на НФФ и подобрени пазарни врски за малите фармери и производители од руралните области“.
Stay In Touch